Американскиот притисок даде плодови – Германија се обврза дека ќе плаќа повеќе пари за НАТО

0
285

И покрај намалувањето на даночните приходи, Германија, сепак, и вети на Северноатлантската алијанса дека ќе ја зголеми распределбата на воените трошоци на 1,5 отсто од БДП, пишува Der Spiegel. Така, владата на Ангела Меркел одговори на постојаните обвинувања на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин троши премалку за одбраната и соодветно “му должи на НАТО многу пари”.

Германската влада го убеди Северноатланскиот сојуз дека ќе продолжи да ги зголемува издатоците за одбраната, пишува Дер Шпигел.

Берлин му вети на НАТО дека ќе го зголеми военото трошење на 1,5 отсто од БДП до 2024 година, објави германски весник.

Сепак, таквото ветување од страна на сојузната влада на канцеларката Ангела Меркел е дадено “и покрај намалувањето на даночните приходи”, изјавија авторите на статијата Маркус Бекер и Матијас Гебауер.

Вчера, според информациите на новинарот на Дер Шпигел, германскиот постојан претставник во НАТО на главниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му го предал т.н. годишен стратешки извештај во кој Берлин се обврзува на зголемување на одвојувањата за воените трошоци.

Покрај тоа, Германија ќе продолжи да ги зголемува воените трошоци и по 2024 година, се вели во документот.

“Всушност, воениот буџет на Германија од сегашните 43,2 милијарди евра треба да се зголеми, во зависност од растот на бруто-домашниот производ, на повеќе од 60 милијарди евра”, истакнале Бекер и Гебауер.

Со ветувањето кон Северноатлантската алијанса дека ќе ги зголеми трошоците за одбраната, владата на Ангела Меркел, всушност, одговори на критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, тврдат авторите.

“Германија често е во центарот на вниманието на шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, кој постојано го обвинува Берлин за  дека заради премала воена потрошувачка му долгува многу пари на НАТО. Федералната влада го тврди спротивно, и се брани дека буџетот на Бундесверот значително се зголемил, особено поради промената на безбедносната ситуација на исток од Алијансата “, објасни германското издание.

Извор:Der Spiegel