Турција: Во контејнер со банани запленети 615 килограми кокаин

0
209

На турското пристаниште Мерсин спроведена е операција во која во контејнер со банани се откриени скриени 615 килограми кокаин, спакувани во 530 пакети. Во операцијата се приведени 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Јавното обвинителство на Мерсин се истакнува дека во рамките на заедничката операција на Одделот за борба против наркотици на полицијата на областа Мерсин и екипите на полицијата на областа Хатај, извршен е претрес на еден контејнер со банани, кој на меѓународното пристаниште во Мерсин пристигнал од Еквадор.

Во спроведениот претрес на контејнерот, скриени меѓу бананите, откриени се 615 килограми кокаин, спакувани во 530 пакети.

Во операцијата се приведени 4 лица.