Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека нема да ги повлече војниците од Ирак за да може внимателно да го следи соседен Иран, кого го опишува како “вистински проблем”.
Ирачкиот претседател Бархам Салих вчера изјави дека Трамп не побарал никаква дозвола за војниците стационирани во арапската земја да го “следат” соседен Иран.
На форумот што се одржа во главниот град на Багдад, Салих одговорил на коментарите на Трамп,кои тој ги дал во интервју за CBS минатата недела.
За време на интервјуто, шефот на Белата куќа рекол дека САД барем ќе ги задржат единиците присутни на ирачката територија, со цел да можат да го набљудуваат Иран, кого го опиша како “вистински проблем”.
Ирачкиот претседател Салих изјавил дека американскиот воен персонал стациониран во Ирак е резултат на билатерален договор чија единствена цел била борбата против тероризмот.
“Не го оптоварувајте Ирак со вашите проблеми”, изјави ирачкиот претседател во порака до Доналд Трамп.
Арапскиот лидер додал: “Соединетите Американски Држави се голема сила, ама не ги следат своите стратешки приоритети, додека Ирачаните живеат во својата земја”.
Минатата недела Трамп отворено ја спомена и ирачката воздухопловната база Аин Ал Асад, велејќи дека САД “инвестирале богатство во оваа неверојатна база и можеби ќе ја и задржат, а една од причините е бидејќи сакаат да го надгледуваат Иран”.
Откако бил запрашан дали планира да ги искористи војниците во Ирак за напад врз Техеран, Трамп одговорил: “Не, само сакам да можам да ги надгледувам”.
На крајот на декември, само неколку дена по објавувањето на повлекувањето на војниците од Сирија, американскиот претседател одеднаш ја посети таа база.
Ирак, по интензивирање на тензиите меѓу Иран и САД, со кои сé уште има валидни договори за соработка во борбата против тероризмот, сега се наѓа крстопат.
“Од витално значење е Ирак да има добри односи со Иран и со другите соседни земји”, изјавил ирачкиот претседател Салих.
Одлуката за повлекување на американските трупи од Блискиот Исток дојде до остри критики во Вашингтон и е една од главните причини за несогласувања меѓу Трамп и другите државни агенции. Оваа недела стана познато дека дошло до голема поделба меѓу американската разузнавачка служба и претседателот.
Слични прашања во декември минатата година придонесоа и на оставката на поранешниот министер за одбрана, Џејмс Матис.










