Иако Велика Брутанија и “европските сојузници” го признаа Хуан Гуаидо како претседател на Венецуела, заради ветото на Италија, ова не е заеднички став на Европската унија
Италија вчера го искористи правото ан вето и ја блокираше заедничката декларација на ЕУ за признавање на претседателот на Венецуела Хуанг Гуаидо како “привремен претседател на државата”.Велика Британија денес го призна опозицискиот пратенил Хуан Гуидо како “привремен претседател на Венецуела”, соопшти британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант.
“Николас Мадуро не распиша претседателски избори во рок од осум дена, како што утврдивме. Значи Велика Британија, заедно со европските сојузници, го признава Гуаидо како привремен уставен претседател додека не се одржат слободни и веродостојни избори “, изјавил Хант на Твитер.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, исто така, го призна Гуаидо за претседател на Венецуела, додека францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, изјави дека Гуаидо има “легитимно право да организира нови избори”.
Европските земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Шпанија и Обединетото Кралство, му дадоа на уставниот претседател Николас Мадуро осумдневен ултиматум за објавување на нови претседателски избори, во спротивно, европските земји потврдија дека тогаш, како и САД и другите земји, ќе го признаат Гуаидо за “претседател“.
Ултиматумот на Мадуро истече минатата ноќ, а уставниот претседател на Венецуела, се разбира, не ги објави потребните избори.
Италија ја блокираше заедничката декларација на ЕУ за признавањето на претседателот на Венецуелскиот парламент како привремен претседател на државата, соопштија во дипломатски извори во Брисел.
“Италија, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржа во Букурешт на 31-ви јануари, стави вето на декларацијата на ЕУ, која треба да ја прочита европскиот комесар за европски прашања, Федерика Могерини. Во декларацијата се наведува дека ЕУ ќе го признае Гуаидо доколку не бидат објавени потребните претседателски избори “, изјавил соговорник на агенцијата.-
Според неговите зборови, после тоа ЕУ и Уругвај го закажале првиот министерски состанок на меѓународната контакт група за Венецуела за 7 февруари во Монтевидео.
Во Венецуела, на 21 јануари, започнаа протестите против претседателот на уставниот претседател на Венецуела Николас Мадуро. Претседателот на венецуелскиот парламент, Хуан Гуаидо, се самопрогласи за привремен лидер на државата на 23 јануари.
САД и нивните сателити го признаа Гуаидо и побараа од претседателот Мадуро, кого повеќе не го сметаат за легитимен шеф на државата, да не дозволи насилна акција против опозицијата.
Мадуро на Гуаидо го нарече како американска марионета и на 2 февруари, на 20-годишнината од боливарската револуција, докажа дека има огромна поддршка од пошироките слоеви на населението.











