За време на работната посета на грчкиот премиер и воедно министер за надворешни работи Алексис Ципрас на Турција што ќе ја оствари на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, ќе се разговара за чекорите кои што би можеле да бидат фрлени за развој на соработката помеѓу двете земји.
Во објавеното писмено соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателот, се потсетува дека на покана на претседателот Ердоган, грчкиот премиер Ципрас на 5 и 6 февруари, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Турција.
Во соопштението се истакнува дека на разговорите кои што ќе бидат остварени во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии турско-грчките односи и се напоменува дека исто така ќе бидат разгледани и чекорите кои што би можеле да бидат фрлени за развој на взаемната соработка.
Во соопштението се додава дека во рамките на средбите и разговорите воедно освен билатералните односи се предвидува да бидат разменети мислења и во однос на регионални и меѓународни прашања.








