USAID “заради сузбивање на тероризмот“ ја прекина помошта во храна за Палестинците

0
164

Американската администрација одлучи дека од 1 фебруари нема да обезбеди, односно даде околу 60 милиони долари за палестинските безбедносни сили, после усвојувањето на законот според кој странските приматели ранливи се на тероризам. Законот стапи на сила на 31 јануари, а американскиот Стејт департмент процени дека Палестинците и областите на Западниот Брег и Појасот Газа представуваат потенцијално легло на тероризам, заради што нема да им исплатува било каква помош.

Обединетите нации, исто така, беа принудени да ја намалат помошта за храна на Палестинците поради намалените финансиски средства од САД.

“На барање на Палестинската управа, укинавме одредени проекти и програми што ги финансиравме, а кои на Западниот брег и Појасот Газа паднаа под Законот за сузбивање на тероризмот (ATCA)”, изјавил за Ројтерс американски официјален претставник.

“Прекината е целосна испорака на помош која УСАИД му ја испраќал на Западниот брег и Појасот Газа, додаде тој.

“Суспензијата на помошта на нашиот народ, која ги вклучува клучните сектори како што се здравството и образованието, ќе има негативно влијание врз сите и ќе создаде негативна атмосфера и ќе ја зголеми нестабилноста”, изјавил Набил Абу Рудинех, портпарол на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Минатата година, Вашингтон откажа стотици милиони долари помош за Палестинците, кои ги доставувал УСАИД, главна агенција која управува со странска помош од САД на палестинските територии.

И покрај намалувањето, официјалните лица тврдат дека во моментов не се преземаат конкретни чекори за да се затвори мисијата што УСАИД продолжува да ја спроведува на палестинските територии.

Контроверзниот налог на (ATCA) им дава слобода на граѓаните на САД на американскиот суд да покренат постапка против странските корисници на помош за кои сметаат дека се учесници во “воени дејствија”.

Во меѓувреме, портпаролот на Хамас, Исмаил Рудван, го осуди стопирањето на помошта на регионот и истакна дека не им требаат “политизирани пари”.

Во јануари оваа година, поради недостиг на средства, Светската програма за храна (ВПП) беше принудена да ја намали хуманата помош на околу 190.000 Палестинци.

“Палестинците се премногу паметни за да продолжат и понатаму да живеат како жртви и приматели на странска помош. Се додека не се најде политичко решение и можеби тоа ќе биде наш мировен план, палестинската власт мора да се фокусира на помагање на Палестинците и да живеат подобро “, објаснил Набил Абу Рудеин, додавајќи дека изјавата на американскиот официјален претставник е лага и неискрена во врска со прекинувањето на помошта.

Дипломатски извори тврдат дека Палестина, САД и израелските власти моментално работат на решение за поддршка на безбедносните сили на палестинската власт.

“Ќе најдеме решение за овие работи. Јас нема да одам во детали “, изјавил за радио во четвртокот израелскиот министер од канцеларија за безбедност, Јувал Штајниц.

Израел и САД изгледа дека веруваат дека финансискиот притисок може да влијае на промена на мислењето во Палестинците. Сепак, ова може да доведе до спротивен ефект, како во Сирија, каде што на САД и Израел им помагаа на одредени терористички групи, поради што десетици, ако не и стотици илјади шиитски борци од цела Азија, беа под команда на Иран во арапската земја.

Сите оние кои не сакаа да ги видат иранските воени советници и шиитските милиции од Авганистан, Бахреин, Ирак, Иран, Индија, Пакистан и други земји во Сирија, не требаа да ги поддржуваат Ал Каеда и ИСИЛ. Тие играа на погрешна карта, и сега влијанието на Иран во регионот, вклучувајќи ја и Сирија, е поголемо од било кога.

Исто така, ускратувањето на помош и изгладнувањето на Палестинци во условите во кои живеат не само што нема да го сопре тероризмот, туку речиси сигурно ќе го зголеми отпорот на повисоко ниво, квалитативно и квантитативно. Со годините, може да стане толку силен што, со порастот на рамнотежата на моќта во регионот, Израел нема да може да се носи со него.

Извор:TeleSur