Венецуела е земја најбогата со нафтени резерви во светот. САД се обидуваат да ја преземат нашата нафта како што тоа направи во Либија и Ирак, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Мадуро објави видео запис преку социјални мрежи во кое порача дека против Венцеуела е покрената психолошка и медиумска војна, поддржана на глобално ниво, првенствено од САД.
Тој нагласи дека во неговата земја извршен е обид за државен удар, кој го водеше и финансираше американската администрација.
“Прават лажни вести и поставуваат монтирани видеа.Не верувате на она што го објавуваат американските медиуми. Преку лажни приказни секојдневно се обидуваат да го оправдаат мешањето со нашата земја”, изјавил Мадуро.
Тој ги повика луѓето од Венецуела на единство.
“Да не дозволиме во Латинска америка да се случи виетнамското сценарио. Ако САД се обидат да се мешаат во нашата земја, тие ќе се соочат со полош Виетнам отколку што го замислуиле.” Да не дозволуме да дојде до насилство, ние сме мирен народ. Почестени од историјата на Симон Боливар и Хуго Чавез “, изјавил Мадуро.
Тој нагласи дека силна демократија е присутна во неговата земја и дека неговата земја заслужува да се покаже почит кон неа.
“Венецуела е земја со најбогати резерви на нафта во светот, а Соединетите Држави се обидуваат да ја преземат нашата нафта како што тоа го направи во Либија и Ирак”. Имаме најголеми резерви на злато во светот, а четвртата сме по резерви на гас. Причните за нивните напади на нашата земја е фактот што сме богати со природни и енергетски резерви. Затоа, ве повукувам да бидете свесни, ве повикувам да не верувате во лажни вести и да не дозволите да дојде до државен удар кој го спроведуваат радикалите околу администрацијата на Трамп, Мајк Помпео, Џон Болтон и Мајк Пенс “, рече Мадуро.
Мадуро, исто така, рече дека неговата земја сака блиски односи со САД, истакнувајќи дека САД се многу поголеми од Доналд Трамп.
“Затоа сакам мирно и дипломатски да ги разрешам проблемите и јас ве поттикнувам да покажете почит кон луѓето од Венецуела. Сакам поддршка од американскиот народ, од причини што не сакаме во нашата Америка нов Виетнам”, изјавил Мадуро.
Венецуела е потресена од протестите од 10 јануари, кога претседателот Мадуро се заколна за втор мандат откако ја бојкотираше опозицијата.
Тензијата беше дополнително зголемена кога Гуаидо се самопрогласи за привремен претседател на 23-ти јануари.
Меѓу земјите кои го признаа од Гуаидо се САД, Бразил, Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама, Парагвај …
Боливија и Мексико продолжуваат да го признаваат Мадуро. Русија, Кина, Иран и Турција исто така го поддржаа Мадуро.
Европските сили Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија го повикаа Мадура да распише предвремени избори за да се олесне кризата.









