Словенија: Пациент се запалил и предизвикал пожар во болница , има мртви

0
264

Двајца лица загинале, а некои се уште се трага по пожарот што избувна ова попладнево во болницата Јесенице во северозападниот дел на Словенија, а според извештаите на медиумите, тој бил предизвикан од пациент кој се запалил.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот, а полицијата и пожарникарските инспектори спроведуваат истрага, а министерот за здравство Само Факин, кој се упати кон Јесенице, потврди дека пожарот однел два живота, објави СТА.

Министерот Факин изјавил дека болничкиот персонал повеќето од пациентите кои биле погодени од пожарот, ги евакуирале од 3-тиот и 4-тиот ката во болницата дури и пред доаѓањето на пожарникарите.

Во болницата сега пристигнала криминална полиција која ги истражува причините за оваа катастрофа.

Директорот на болницата, Јанез Поклукар, изјавил дека во времето на пожарот биле евакуирани вкупно 50 пациенти, од кои повеќето биле вратени во одделенијата во кои се наоѓале, освен во оддленијата за интензивна кои сеуште се затворени до неопределено.

Ниту министерот, ниту директорот на болницата не сакале да разговараат за причините за несреќата сé додека не заврши истрагата.

Според информациите што не биле официјално потврдени, пожарот избувнал во просторијата каде што живеат најтешките и терминални пациенти.

“Според нашите информации, еден од пациентите кој кај себе ибал ќибрит сам се запалил, по што пламенот преминал на соседниот пациент и двата изгореле. За три пациенти сеуште се трага “, тврди ТВ-станицата ПОП-ТВ, додавајќи дека еден од пациентите со тешки изгореници од Јесенице, во меѓувреме, бил префрлени на хеликоптер во Љубљана, пренесе ХИНА.