Робен кариерата ја продолжува далеку од Германија?

by Administrator

Холандскиот играч од средниот ред, Арјен Робен, одлучи да го напушти Баерн Минхен на крајот од оваа сезона.

Потсетуваме, тој во клубот дојде во летото 2009 година од Реал Мадрид, со оглед дека има 35 години, јасно е дека дојде време за заминување.

Иако се мислеше дека Робен може да се пензионира, Sky Sport објави дека ќе ја продолжи својата кариера во редовите на јапонскиот тим Токио-FC Tokyo.

Јапонија очигледно стана многу интересна за европските ветерани, а во моментов има ѕвезди со Андрес Иниеста или Дејвид Вила, а Робен наскоро треба да им се придружи.

Робен ова сезона игра на многу добро ниво во дрсот на Баерн, па во 15 натпревари постигна пет голови со две асистенции.

You may also like