Во рутинска патрола од кампот во Бутмир до Ливно, тим во кој имало осум турски војници, припадници на силите на ЕУФОР, предводен од поручникот Ерол Ергин, во близина на Томиславград, наиде на автомобил заглавен во снегот, јави агенцијата Анадолу (АА).
Во автомобилот имало семејство со бремена жена кои на тоа место биле заглавени шест часа. Кога ги забележале возилата на ЕУФОР, побарале помош.
Тимот на поручник Ергин со задоволство го прифати повикот за помош и напорно работеше 45 минути за да го ослободи автомобилот во снегот. Тие успеаја, а семејството било многу благодарно за решителност и напорна работа на војниците на ЕУФОР.











