ТУРСКИ АНАЛИТИЧАР: Француските интереси во Сирија спротивни со националните интереси на Турција

0
278

Франција мора да го следи американскиот пример и да ги повлече своите војници од Сирија, изјавил за турската Агенција Анадолу во понеделникот турскиот експерт за надворешна политика и поранешен претставник на МВП, Акин Очер.

Според неговите зворови, француските специјални сили биле распоредени во Сирија за да ги поддржат американските сојузници на теренот – Курдско-арапскиот сојуз на сириските демократски сили (СДФ), во кои водечката улога игра курдската вооружена организација ЈПГ, која Анкара ја смета за терористичка.

“Сепак, францускиот претставник Емануел Макрон во неколку наврати изјави дека Париз нема намера да го повлече својот контингент од Сирија. Тој ја даде последната изјава на 17-ти јануари, во говорот пред војниците во базата Французал во Тулуз. Францускиот претседател истакнал дека одлуката на САД да ги повлече војниците од Сирија не значи откажување на борбата против “исламската држава”, истакнал турскиот аналитичар.

Макрон, исто така, изјавил дека не го дели ставот со американскиот претседател Доналд Трамп за целосна победа над ИСИЛ во Сирија и ја нарече грешка неговата одлука да се повлече од земјата.

Тој, исто така, за неточни ги потврди ин информации за повлекувањето на француските сили од Сирија и изјавил за неопходноста од решавачки чекори за зачувување на стабилноста во регионот.

Турски експерт тврди дека Франција на Блискиот Исток има 110 војници, а од нив 200 им дваат поддршка на Курдите во северна Сирија. Макрон под терминот “курдски сојузници” ги подразбира “терористи на ЈПГ”, а слично се однесуваше и неговиот претседател Франсоа Оланд. Јасно е дека Франција ги следи своите цели во тој регион, која еднаш била нивна колонија и тие цели се спротивни на турските национални интереси, изјавил турскиот аналитичар во интервју за агенцијата Анадолу.

Извор:geopolitikanews