Внуката на Јосип Броз Тито: На мојот дедо денес многумина не му се ниту до колена

0
366

Внуката на поранешниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито Александар Саша Броз, изјави дека на неговиот дедо многумина “денес не му се ниту до колена”.

Ккао вели, најновите напади врз “ликот и делото” на доживотниот претседател на поранешната СФРЈ, чие име наскоро ќе биде отстрането од плоштадите во Загреб и Карловац, не го диживува премногу емотивно и укажува дека не се сите против Тито.

– Верувајте ми дека дедоми сам ќе ја симнеше својата плоча од плоштадот како би можел да ја види каква е Хрватска денес – вели театарската режисерска во интервјуто за Вечерње новости.

– Како тој да е виновен за сето она што се случува со земја отако влезе во Европа, ама сё подалеку е од Европа. Како со сите сили да се трудиме, после седумдесет и една-та година од големата војна да се ставиме во поразените иако хрватските антифашисти, заедно со оние во Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, дадоа гоклем придонес фашизмот и нацизмот, да бидат победени, додаде таа.

Според нејзините зборови, на дело се “хејтери кои мразат се што останало зад него”.

Александра Саша Броз, исто така, вели дека жителите на Загреб на референдум ќе одбијат да го преименуваат плоштадот каде се наоѓаат хрватскиот народен театар, Правниот факултет и Ректорат, Музичката академија и Музејот на уметноста.

imageСаша и Јосис Броз Тито

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, го објави преименувањето на плоштадот во плоштад на Република Хрватска, а во четвртокот падна првата табла која заврши во ѓубрето.

– Приказната е едноставна – градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој го освои шестиот мандат, не можеше да преживее без коалиција со тврдоглаво право предводена од поранешниот министер за култура, Златко Хасанбеговиќ,- истакнува таа.

Таа вели дека генерално постои негативен став за Тито, ама дека со нејзиниот дедо се манипулира редовно пред секо избори.

– Десната урла дека бил диктатор и убиец, левицата во Хрватска молчи, како што молчи за сè, збиена во глувчја дупка, а оние малкумината стари антифашисти кои останаа со Тито, никој не ги слуша – вели Александра Броз.

Сепак, таа вели дека сето тоа не го доживува емотивно.

– Би била луда сериозно да ги сваќам луѓето кои се во страв од човекот кој е мртов триесет и седум години. Би сакала да кажам дека ова е многу лоша шега. Благодарна сум што има голема маса луѓе кои сé уште зборуваат со почит кон Тито. Презимето на Броз звучи обременето и обврзувачко, но исто така е најубаво во светот. Кога се зборува за Тито, го цитирам Достоевски – сè ќе помине, само вистината ќе остане – вели таа за “Новости”.

Извор: oslobodjenje.ba