Централната банка на Велика Британија, под притисок на САД, одбила да и го испорача на Венецуела златото во вредност од 1,2 милијарди американски долари, кое му припаѓа на таа земја, пренесе американскиот Блумберг, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Наведено е дека во Централната банка на Обединетото Кралство се напѓаат златни резерви на Венецула во вредност од осум милијарди долари. Оваа земја побара испорака на дел од златото во вредност од 1,2 милијарди долари, но Велика Британија одбила да го стори тоа.
Американските медиуми тврдат дека Велика Британија одбила да испорача злато по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност Џон Болтон.
Венецуела оваа борба ја води неколку месеци, а претседателот на Централната Банка на Внецуела Цаликсто Ортега ја посети Велика Британија во декември минатата година со цел да постигне договор за трансферот, но било неуспешно.
Претседателот на Националниот парламент на Венецуела Хуан Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен претседател на земјата, им се обратил на припадниците на венецуелските вооружени сили и им изјавил:
“Кога нема да ги добиете вашите плати, ќе видиме колку ќе сте верни на вашиот киднапер (претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, оп.).”
Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, по состанокот со американските официјални лица, изјави дека е јасно дека Николас Мадуро не е легитимен лидер на Венецуела, дека Хуан Гуаидо е вистинската личност која земјата ќе ја одведе напред.
Венецуелските протести започнаа на 10 јануари на денот кога претседателот на Венецуела Николас Мадуро положи свечена заклетва и започна втор мандат како шеф на државата.
Опозицијата во Венецуела не ја признава власта на претседателот Мадуро, а водачот на опозицијата и парламентот на таа земја, Хуан Гуаидо, се прогласи за привремен претседател.
Мадуро тврди дека тоа е обид за државен удар поддржан од САД, кој отворено застана на страна на опозицијата и Гуаида.
Покрај САД, преземањето на власта во Внецуела од страна на опозицијата исто така беше подржано и од венецуелската Бразил, Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама и Парагвај. Од друга страна, Турција, Иран, Боливија, Мексико и други земји продолжуваат да ја признаваат легитимноста и да ја поддржат владата на Мадуро.








