Во четвртокот, 24 јануари, главниот албански град Тирана беше посетен од командантот на американскте воздушни сили во Европа генерал,Тод Волтерс кој притоа се состана со албанскиот претседател Илир Мета и министерот за одбрана, Олт Џака. Неговата посета симболично го означи почетокот на изградбата на американската воена база во Албанија.
Илир Мета изјави дека изградбата на првата воздухопловна база на НАТО Алијансата во Албанија ќе донесе инвестиции и безбедност и дека уште повеќе ќе ја обврзе Албанија да влезе во Организацијата на Северноатлантскиот договор.
Потсетуваме: албанскиот премиер Еди Рама во август 2018 година соопшти дека НАТО сојузот донел одлука да изгради прва воена база во Западен Балкан, во централна Албанија. Таа ќе биде изградена на локацијата на стара воена воздухопловна база во градот Кучова (од 1950 до 1990 година, градот се викаше ниту повеќе ниту помалку од Сталин), во областа Берат. Средствата за изградбата ќе бидат обезбедени од НАТО алијансата во партнерство со албанската влада, а НАТО ќе инвестира повеќе од 50 милиони евра во првата фаза од модернизацијата на стариот аеродром.










