САД и Израел го тестираа ПРО и ПВО системот за одбрана со голем дострел

0
372

Рано наутро, 22 јануари, во централниот дел на Израел, се слушнале детонации, а на набото над морето забележани биле траги на ракети. Подоцна беше објавено дека тоа е заедничко израелско-американско тестирање на новиот противвоздушен систем против од голем домет Arrow 3  (стрела 3).

Израелските медиуми “Тајмс од Израел” објавија дека Министерството за одбрана пробното лансирање го опишало како “целосно успешно” и дека зададената цел во вежбата била уништена. Системот е дизајниран да ги пресретнува балистичките проектили од далечина низ целата атмосфера.

Во февруари минатата година, двете земји исто така извршија тестирање на истиот систем, ама тогаш проектилите не ја погодиле предвидената цел. Сепак, тестирањето, исто така, добила оценка за “добро”.

Се очекува оваа година, тестирањето на системот Arow 3 ќе продолжи и во Алјаска, бидејќи нејзиното целосно испитување бара поголем ненаселен простор што Израел го нема.

Израел веќе има на располагање ПОЗ и ПРО системи на мали (“Железна купола”) и средно растојание (“Дејвид Стинг”).

Извор:geopolitikanews