Денес, во 13:40 часот по Московско време, во рускиот регион Мурманск се урна руски стратешки бомбардер Ту-22М3, после принудно слетување на пистата на воздухопловната база Оленегорск, објави руското Министерство за одбрана. Тројца од четирите членови на екипажот загинале, а преживеаните претрпеле тешки телесни повреди.
Авионот целосно е уништен, а за време на летот не бил опремен со борбено оружје. Во времето на несреќата преовладуваа екстремни временски услови, снег и силен ветер, а видливоста била “нула”.
Уништениот авион прпизведе е во 1986 година, а последниот ремонт е направен во 2012 година. во воздухопловната база во Калининград.
Ту-22М3 е суперсоничен страѕешки бомбардер, вооружен со ракети и бомби, наменети за уништување на копно и вода (надводни и подводни) цели од големи, средни и ниски височини. Во вооружувањето е вклучен во 1989 година.
Тој се покажа како исклучително успешен во руските воздушни операции во Сирија, уништувајќи ја инфраструктурата на терористичката организација “Исламска држава”.
https://youtu.be/0dW8DNIrgxE
Извор:geopolitikanews
