Нов израелски напад на Дамаск – Повторно оддалеку и загрозувајќи ги цивилните летови

0
195

Израел вчера изврши воздушни напади на поширокото подрачје на Дамаск. Според една верзија, целите биле воениот комплекс Ал-Кисва јужно од Дамаск, кој беше цел на десетици напади во последниве години. Според друг извештај, нападнат бил меѓународниот аеродром на главниот град на Сирија.

Според извештајот на руското министерство за одбрана, четири израелски борбени авиони Ф-16 вчера од либанскиот воздушен простор над источниот Медитеран истрелале повеќе проектили во насока на аеродромот Дували во Дамаск.

Руската армија објави дека нападот извршен со наведувачки проектили на територијата на Сиријаги извршиле извршил четири израелски авиони Ф-16 од медитеранската област вчера во 13:32 по московско време.

“Инфраструктурата на аеродромот не претрпела штета. Немало жртви и никакви оштетувања “, ддава рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија.

Сириската противвоздушна одбрана успеала да пресретне и уништи седум проектили пред да ги достигнат целите.

Од безбедносни причини, сириската армија ги затвори патиштата кои воделе од Дамаск до јужните предградија и местата за бомбардирање.

Значајно е тоа што веста за нападот за првпат беше објавена од страна на руското Министерство за одбрана, а потоа потврдена од сириската држава САНА, која накратко изјави дека сириските системи за воздушна одбрана со висока сигурност одговориле на израелскиот воздушен напад и дека ниту еден ракетен напад не ја погодил својата цел.

Неколку часа пред нападот, се случила експлозија на дел од автопатот на јужната периферија на Дамаск. Според првите податоци, експлозивни направи не предизвикале жртви меѓу цивили и војници, додека други извори велат дека нападот бил извршен на контролниот пункт и дека имало жртви меѓу војниците.

Која од овие две верзии се вистинити, терористичкиот напад не создаде сообраќаен колапс и сите патишта беа проодни во времето на израелскиот воздушен напад. Не се наведува дали овие два напади се меѓусебно поврзани, додека САНА тврди дека информациите за апсење на терористи по терористичкиот напад се потврдени.

По нападот, Израел соопшти дека од сириската страна на Голанската висоравнина, лансиран бил еден проектил, ама бил пресретнат од израелскиот против воздушен систем “Железна купола’ – “Iron Dome”. Сирискат страна не потврдува дека спроведила било каква одмазда за нападот

Според достапните информации, може да се заклучи дека сириската противвоздушна одбранбена е во состојба на борбена спремност 24 часа на ден и не постои опасност од такви напади, особено ако тие се спроведуваат од поголемо растојание, како што е медитеранската област, што на руско-сириските интегрирани системи за надзор и следење им остава доволно време да ја забележи и да ја уништиш заканата.

Израелскиот напад бил извршен во времето на слетување на патнички авион во Дамаск

Izrael Sirija napad 20.01.2019
ФОТО – Израелските податоци за локацијата каде што паднал и која била погодена од еден израелски проектил.

Руското Министерство за одбрана објави дека против-воздушните одбранбени системи Панцир и Бук пресретнале седум израелски проектили а израелски извори тврдат дека биле лансирани вкупно 10. Бројни сириски извори укажуваат на експлозија во областа Ал-Кисва.

Според руското Министерство за одбрана, објектите на меѓународниот аеродром во Дамаск не се погодени.

Израел објави сателитска слика за можна локација на која паднал еден од проектилите, но според фотографијата, се чини дека е станува збор за поширока област на еден од воените објекти што не претрпеле никаква штета.

Според податоците на следење цивилните летови на порталот Flight Aware, рускиот воен експерт Борис Розин изјави дека нападот бил извршен во време кога патнички авион со 150 цивили слетал на аеродромот во Дамаск.

Претходниот израелски напад беше спроведен во ноќта на 12 јануари, кога беше оштетен магацин на аеродромот во Дамаск и неколку авиони.

Како и да звучи, сириските сили можат да бидат ограничени само на одбивање на напади и уништување на непријателски проектили. Додека Израелското воздухопловство напаѓа, криејќи се зад цивилните авиони и секогаш надвор од Сирија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не крие дека војската на ционистичкиот ентитет врши агресија и се заканува дека Израел “нема да запре додека Иран не биде протеран од Сирија”.
П.С.

Синоќа израелските сили нападнаа цели во Сирија. Според првите информации околу 70% од израелските ракети биле соборени.