(Видео) Голем број на мигранти преку тунел од САД преминале во Мексико

0
215

Најголема група на мигранти, кои во изминатите недели и месеци се обидуваат од Мексико да влезат во САД и да добијат статус на бегалец , влегле низ нелегално ископаниот тунел под граничниот ѕид меѓу двете држави во САД. Се работи дури за 376 луѓе кои влегле на територијата на САД во близина на градот Сан Луис, држава Аризона, објави американската телевизиска станица АБЦ, цитирајќи ги американските цариници и гранични службеници.

Настанот се случил во понеделникот, а имигрантите во меѓувреме им се предадоа на американските официјални претставници. Од 376 имигранти кои влегле на територијата на САД, дури 179 се деца.

Од другата страна на границата, во Мексико, во моментов има илјадници мигранти од Централна Америка, а само во поширокиот регион Тихуана има помеѓу 6 и 9 илјади лица, кои потекнуваат од Хондурас, Гватемала и Салвадор. Некои мигранти се вратија во своите матични земји, а некои од нив одлучија да останат во Мексико. Американската администрација распореди неколку илјади војници на границата со Мексико за понатамошно зачувување на безбедноста.