Бран на високи температури ја зафатија Австралија, пожари ширум цела земја

by Administrator

Бран на жешко време ја погоди Австралија, предизвикувајќи шумски пожари и сé поголем број на пациенти во болниците.

Австралискиот метеоролошки институт објави дека температурата од сабота, 12 јануари, не паднала под 40 Целзиусови степени.

Во градот Нуна во Нов Јужен Велс, била измерена рекордна ноќна температура од 35,9 степени Целзиусови, што е највисока минимална температура досега измерена во Австралија.

Рекорди се соборени и во градот Таркула во јужна Австралија, каде што во вторникот, 15 јануари, беа измерени 49 степени Целзиусови, а во југозападниот дел на Порт Августи – 48,9 степени.

Температурата сега надминува 42 степени, а за време на викендот се очекува мало ладење во јужните и централните региони.
Сепак, во делови од западна Австралија, се очекува температурата да се зголеми за 14 степени од просекот.

На југ од земјата, 16 луѓе беа пренесени во болници поради топлина.

Најтопол ден во Австралија беше 7 јануари 2013 година, кога просечната температура беше 40,3 степени Целзиусови.

You may also like