Дали играта е готова? Берлин: “Северен тек 2“ повеќе не може да го спречат ниту Американските санкции

0
307

Изградбата на гасоводот Северна ток 2, кој тргнува од Русија до Германија, повеќе не може да ја запрат ниту санкциите на САД,изјавил германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас.

“Никој не може повеќе да го уништи овој проект. Американските санкции можат да доведат до повлекување на западните компании од него, меѓу другото,и германските концерни. Сепак, тоа нема да доведе до укинување на проектот. Во тој случај, Русија тоа самостојно ќе го реализира, а потоа никој друг нема да влијае на зачувувањето на транзитот на (руски) гас преку Украина “, изјавил германскиот дипломат, чии зборови го пренесува Дојче Веле.

САД ја обвинуваат Европа за купување руски гас и дека Европа е премногу зависна од Русија која се наоѓа под санкции, па затоа Вашингтон предлага Европа да купува американски гас.

Во моментов постојат тригодишни преговори меѓу ЕУ, Русија и Украина за зачувување на транзитот на рускиот гас преку украинската територија по завршувањето на изградбата на “Северниот тек 2”.

“Меѓутоа, овие преговори ќе изгубат смисла доколку САД наметнат санкции и ако Русите сами го завршуваат гасоводот”, предупредува Маас. Една третина од вкупната должина од 1200 километри од овој гасовод е веќе завршена. Русија постојано предупреди дека во никој случај нема да дозволи суспензија на овој енергетски проект и, доколку е потребно, е подготвена да ја заврши самата конструкција.

Потсетуваме дека американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, пре десет дена испрати предупредувачки писма (читај: писма на закани, како што веднаш беа наречени Германија, ама не само на нивните медиуми) на германските компании се вклучени во изградбата на гасоводот Северен тек 2, наведувајќи ја можноста за изрекување на санкции. Овој необичен дипломатски потег предизвика реакција на германската политичка сцена и тамошната јавност.

Заострување на односите: Германското МНР писмата на американскиот амбасадор ги нарече провокација

“Не е моја работа да им кажувам што име дозволено на амбасадорите, ама самите САД треба да одлучат дали одговара ваквиот стил на профилирање на интересите на САД”, изјавил Хаико Маас.