Мигранти спасени во Турскиот град Кушадаси: Грчките војници нè оставија да умреме

0
444

Нерегистрираните мигранти кои во вторникот во дистриктот Кушадаси, во турски Ајдин ги спасија тимовите на крајбрежната стража тврдат дека грчките војници ги довлекле до турските води и ги препуштиле на смртта.

Бродовите на турската крајбрежна стража спасија 46 мигранти, а откако им била укажана помош во Кушадаси, биле пренесени во просториите на полициската администрација во таа област.

Изјавите на мигрантите во Агенцијата Анадолу (АА) за тоа како Грците се однесувале со нив,уште еднаш укажаа на проблемот со враќањето на непријавените мигранти од Грција (push back), што е сё поизразено во последно време.

Ирачанката Дена Фахир (45), на опасниот пат кон Европа, заминала со своите деца. Таа најави дека, кратко време откако се приближиле на брегот, им пристапил брод на крајбрежната стража на кој се наоѓале маскирани грчки војници.

Таа додаде дека грчките војници со јаже го врзале нивниот чамец и почнале брзо да се движат.

“Замалку ќе се задушевме. Им викавме да застанат, ама се чинеше како да му боруваме на камен, а не на човек. Не влечеа повеќе од еден час”. Чaмецот се нишаше. Беше страшно. Турските екипи ни спасија, ни дадоа покривачи и храна, многу сме им благодарни”. изјавила Фахир.

Ирачканецот Али Емин изјавил дека ќе се замрзнеле доколку не беа турските војници. Тој тврди дека Грците не обрнувале внимание на стравот и викотниците на жените и децата, но продолжиле да го влечат бродот.

“Децата и жените вриштеа, еден од нив пушеше цигара и нѐ гледаше, мислевме дека ќе умреме и замолчивме. дојдоа до нас, мислевме дека ќе нè спасат, ама тие си заминаа и тргнаа кон Грција”, изјавил Емин.

Тој раскажа дека потоа забележале турски армиски хеликоптер и испраќале повици за помош.

“Искрено, помисливме дека ќе се откаќат и ќе си заминат, бидејќи повеќе немавме ниту сила ниту глас. Грчките војници нè оставија да умреме, ама турските војници нè спасија, им благодарам”, рекол Емин.

Манал Саид Ајјад (48) со својот син паднала во текот на настаните,таа тврди дека грчките војници не сакале да ѝ помогнат, туку само заминале.

Ајјад изјави дека доаѓа од Палестина, а на нејзиниот син му е дијагностицирана хемофилија.

“Не е можно да се лекува во Газа. Имав намера да заминам за Европа, да го лекувам”, рекла Ајјад.

Нур Фадил изјави дека се обиделе да разговараат со грчките војници, ама тие не сакале дури ниту да ги погледнат.”Одеднаш бевме опкружени со бранови. Додека турските крајбрежни стражари не дојдоа, ние се боревме со смрт”, рече Фадил.

Тимовите на крајбрежната стража на Република Турција пристигнаа на теренот во вторникот, по дојава дека група непријавени мигранти се наоѓаат пет милји од брегот на областа Кушадаси. 46 мигранти беа спасени а почина четиригодишно девојче.