Струга: Тепачка во кафетерија, повредено едно лице

by Administrator

На 15-ти јануари оваа година, во 00.30 часот, нарушен е јавниот ред и мир во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“.

– 50-годишниот Р.Д. од Струга, се здобил со телесни повреди, констатирани во локалната Општа болница. Тој, најнапред вербално а потоа и физички бил нападнат од страна на 50-годишниот Б.Д. од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор:Охридпресс/ СВР Охрид фото: архива

You may also like