Високи пет! Баерн ја обезбеди титулата по петти пат по 2013, 2014 година и двапати во 2017 година. Во финалето против Борусија Менхенгладбах, германскиот шампион во 45 минути преку пенали славеше со 4:2 и на тој начин прослави успешна проба пред почетокот на второто полувреме од Бундеслигата кога во петок навечер игра против 1899 Хофенхајм.

Во полуфибалето од ова натпреварување во полуфиналето против Фортуна Дизелдорф, 45-те минути завршија со 0:0 и на пенали 8:7 се пласира во финалето каде играше против Борусија Менхенгладбах. Свое деби на натпреварот имаше Алфонсо Дејвис го прослави своето деби во дресот на Баерн.
Игравме колку што ни беше потребно, добро е што победивме и тоа ни дава мал морал за почетокот од вториот дел од натпреварувањето во Бундеслигата. Иако за оние стандардните играчи на Баерн ова и не беше можеби интересно, сепак за дебитантите од школата на Баерн како ( Дејвис, Џеонг и Зиркце) ова беше едно ново искуство, и се разбира почеток за моќно влегување во првите единаесет како подготвени да го проследат вториот дел од Бундеслигата и допринесат Баерн да ја одбрани титулата шампион, а се разбира и во натпреварувањето од Лигата на Шампиони, истакнал Нико Ковач, кој после победата и Телеком купот нескриено го искажа своето задоволство.









Извор:fcbayern.de










