Полска заради шпионажа го приведила директорот на продажбата на кинескиот гигант Huawei

by Administrator

Поради сомневање за шпионажа, полските власти го уапсија директорот за продажба на кинескиот гигант Huawei, како и поранешен висок полски функционер, пишува The Wall Street Journal. Американскиот весник пренесува дека секој чин на шпионажа во Полска е особено чувствителен на САД и нејзините сојузници, бидејќи тие како членови на Пактот на НАТО споделуваат информации. Сепак, Варшава не објасни дали е украдена било каква информација.

Полските власти го уапсиле директорот за продажба на Huawei, обвинувајќи го дека го шпионирал за Кина, зголемувајќи ги сомнежите за западните влади дека компанијата е алатка за шпионски софтвер во рацете на Пекинг, пишува The Wall Street Journal.

Апсењето на кинески државјанин во Полска се случи во времето на апсењето на финансискиот директор Huawei во Канада, на барање на САД, бидејќи се верува дека компанијата ги прекршила санкциите на САД против Иран.

Сепак, овојпат наводите на полската страна се директно поврзани со сомневањата на Вашингтон и другите западни влади, кои веруваат дека Кина може да ги користи производите на Huawei или вработените да шпионираат за странски влади и бизниси.
Полски официјални лица не поднеле никакви обвиненија против самата кинеска компанија. Покрај тоа, Варшава не даде никакви детали за случајот, но не прецизира дали осомничените успеале да украдат какви било чувствителни информации. Покрај тоа, во овој случај, Полска, исто така, уапси еден од нејзините граѓани.

Вашингтон со години го посочуваше Huawei како закана за националната безбедност, верувајќи дека Пекинг може да ја принуди оваа компанија да се обиде да пристапи или да ги оневозможи странските комуникациски мрежи. Кинеската компанија категорично ги негира сите обвинувања, потсетувајќи дека неговото име никогаш не било споменато во контекст на какви било случаи на шпионажа.

Сепак, она што се случи во Полска може да ги промени резултатите на компанијата досега, смета Волстрит Журнал.

Инцидентот со новото притворање се одвива на среде влошувањето на односите меѓу САД и Кина. Администрацијата на Трамп внимателно ги следи активностите на Huawei, истовремено спроведувајќи поширока стратегија за менување на кинеското трговско и продуктивно однесување.

Вашингтон започна трговска војна против Пекинг, кој заради одговорот на кинеската влада го шокираше глобалниот пазар.

За САД, Полска е особено важна земја, бидејќи Варшава е клучен сојузник на Вашингтон во Пактот на НАТО. Претседателот Трамп развива особено блиски односи со полската влада, која им понуди на САД плаќање на воена база во својата земја. Покрај тоа, во Полска има неколку илјадници американски војници испратени таму како дел од одговорот на Запад на “анексијата” на Крим од страна на Русија.

Во овој контекст, секој чин на шпионажа во Полска е особено чувствителен на САД и нејзините сојузници, бидејќи тие, како членови на Пактот на НАТО, разменуваат разузнавачки податоци. Сепак, The Wall Street Journal потсетува дека нема информации за кражба на какви било информации.

Со текот на годините, контраразузнавачките служби јавно ги предупредија владите за опасностите на Huawei во многу земји, што само по себе е невообичаено. Таквите изјави се дел од една поширока кампања од страна на некои земји да најдат сајбер-слабости на источното крило на Пактот на НАТО.

Особено, Чешката служба за безбедност и разузнавање предложи во 2013 година кинеската компанија да биде отстранета од отворена конкуренција поради страв дека нема да може да ја менува својата опрема и дека трети страни би можеле да се поврзат со компјутери во државна сопственост.

Сепак, Huawei тврди дека компанијата ги почитува сите локални закони и истото го бара од своите вработени. Во исто време, кинеското Министерство за надворешни работи истакна дека Пекинг е “исклучително загрижен” со ова апсење.
Оваа недела полициските контраразузнавачи ја пребараа локалната канцеларија на Huawei, ја конфискуваа документацијата на компанијата и електронските податоци. Покрај тоа, тие го претресоа домот на уапсен кинески државјанин. Името на прведениот сеуште не беше објавено, но извори запознаени со ситуацијата го идентификуваа како Ванг Веиџинг.

Според неговите познаници, тој е широко познат во локалните бизнис кругови и често ги посетувал настаните организирани од Huawei во Полска.

“Полски зборуваше совршено”, изјавил еден полски претприемач.

Покрај тоа, неговата веб-страница на LinkedIn твдри дека пред да дојде во Huawei во 2011 година, Ванг работел повеќе од четири години во кинескиот конзулат во Гдањск. Кога бил вработен во Huawei, Ванг почнал да продава опрема за комуникација до владите. Оваа област на претприемништво обично се контролира повеќе од другите.
Во истиот случај, полската агенција за внатрешна безбедност приведила еден од своите поранешни вработени, полски државјанин кој претходно работел како заменик раководител на одделот за информатичка технологија. Двајцата ќе се соочат со 10 години затвор.

Според полските извори, Питер Дурбајло, кој претходно бил на високи позиции во полската влада, бил приведен.

“Тој имал пристап до исклучително чувствителни информации. Тој е многу интелигентен, но не е и Џејмс Бонд. Тој повеќе личи на типичен ИТ директор “, соопштил ппранешен колега на, Дурбајло.

Минатиот месец, на барање на американските власти, канадските власти го уапсија главниот финансиската директорка на Huawei, Менг Вангжоу, обвинувајќи ја дека дава лажни информации на банката за бизнисот на компанијата со Иран. Неколку дена подоцна, во Пекинг беше уапсен поранешен канадски дипломат, кој многу од неговите пријатели и поранешни колеги ваквата постапка ја сметаат за одмазда на кинеските власти, потсетува Волстрит Журнал.

Извор:WSJ

You may also like