Аларм на Алпите, пристигнува уште еден метар снег

0
244

Обилните снежни врнежи предизвикаа хаос во делови од Германија и Швајцарија каде што се блокирани патишта, возовите не возат а училиштата се затворени, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.

Во Баварија, каде што паднало најмногу снег, Црвениот крст им помогал на возачите чии автомобили биле затрпани на патиштата, а дете од девет години загинало во близина на Минхен кога дрво паднало врз него. Во Швајцарија, преден дел од еден хотел бил оштетен во снежна лавина, а во Шведска и Норвешка снежна бура ги блокирала патиштата.

Во Австрија, спасувачите им помогнале на 41-годишниот полски скијач кој се заглавил во снег со длабочина од два метра на подрачјето на ски-центарот Schlossalmbahn. Меѓутоа, во петокот ситуацијата во некои делови на Австрија е нешто полесна од претходниот ден кога паднал снег со висина од три метра. Минатата недела, 15 лица загинаа, двајца планинари од минатата сабота се водат за исчезнати, а во некои делови на Баварија некои села се целосно отсечени.

Image result for snow in germany

– Ваква колилина на снег на височини поголеми од 800 метри надморска височина се случува на секои 30 до 100 години – вели Александар Радлер од австрискиот Институт за метеорологија и геодинамика.

Австриската војска испратила хеликоптери за да го од друваат снегот од дрвјата за да се спречи падот на дрвјата на железничките пруги и патишта.

Во Шведска, во северниот дел на земјата дувал снежен ветар, понекаде дури и со 49,7 метри во секунда, додека во северниот дел на Норвешка, возачи морале четврток вечерта да ја поминат на планински пат.

Ситуацијата беше особено тешка во Баварија, каде што локалните медиуми објавија дека снегот го парализира целиот јавен живот. Во јужниот и источниот дел, возовите не возат, а патиштата се отсечени поради падот на дрвјата. Многу летови од Минхен и Франкфурт се откажани. И армијата испратила 200 војници за да им помогне на луѓето кои заглавиле во снегот на границата со Австрија.

Откако бурните ветрови создадоа снежни наноси во делови од Австрија во текот на ноќта, метеоролозите издадоа ново предупредување за лавина.

Во следните неколку дена, се очекува нов снег, по кратка пауза во петокот со релативно малку снежни врнежи, пренесува Index.hr.

Новата голема снежна бура се движи кон Алпите, особено во областа на северна и западна Австрија, јужна Германија и источна Швајцарија. Во наредните денови, локално ќе се очекува повеќе од еден метар снег.
Извор: Index.hr