Додека американскиот државен секретар Мајк Помпео беше во обиколка на Блискиот Исток за да го промовира цврстиот став на Белата куќа кон Иран, врховниот лидер на Исламската република во средата американските официјални претставници ги нарече “првокласни идиоти”.
Дури и за “Вашингтон пост”, коментарите на ајатолахот Али Хамнеи беа невообичаено груби, ама американскиот весник тоа го оправдтува со тензиите меѓу Иран и САД откако претседателот Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили.
Ајатолахот Хамнеи зборувал на митингот во главниот ирански верски град Ком, по повод одбележувањето на годишнината од востанието против поранешниот марионетски режим на Шах од Реза Пахлави. Иранскиот лидер оваа забелешка ја изнел додека зборувал за Џон Болтон, кој минатата година на собирот на “поранешната” терористичка организација Можаедин-е-Калк изјави дека седниот Божиж ќе го прослави во Иран.
“Некои американски официјални лица се прават луди. Се разбира, јас не се согласувам со тоа, но тие се првокласни идиоти “, рекол ајатолахот Хамнеи.
Највисокиот лидер не го именувал Болтон, ама советникот за национална безбедност на САД минатиот месец на состанокот на иранската група во егзил “Mujahedin-e-Khalq”, која од листата натерористичка организација ја симна Хилари Клинтон, рекол дека “пред 2019 година ќе слават во Иран “.
Слични коментари за состаноците со оваа дисперзирана иранска дисидентска група во повеќе наврати биле дадени и од страна на личниот адвокат на Трамп, поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани.
Врховниот ирански лидер, кој е почитуван од сите шиитски верници, обично не дава толку силна изјава.
Во 2017 година, Хамнеи, како “идиотски”, ги отфрли забелешките на Трамп, кој Иран го нарече “терористичка” нација. Во мај минатата година, откако Трамп се повлече од нуклеарната спогодба со кој Иран беше ограничуван во збогатувањето со ураниумот во замена за укинување на економските санкции, Хамнеи му пренесол на Трамп: “Ништо не можеш да ни сториш!”
“Телото на овој човек, Трамп, ќе се претвори во пепел и ќе стане храна за црви и мравки, додека Исламската Република ќе продолжи да постои”, изјавил Хамнеј, потсетувајќи дека и Садам Хусеин зборувал дека ” Иран ќе го прегази за три дена” и како заврши.
Хамнеи ја даде изјавата во средата, кога американскиот државен секретар Мајк Помпео го посети Ирак. Помпео потоа се закани дека Америка ќе ги удвои своите комерцијални и дипломатски напори во текот на следните недели за да “направи вистински притисок врз Иран”.
Ајатолах Хамнеи ги коментирал за заканите пред жителите на Кома кои ја прославија годишнината од востанието против Шах Мухамед Реза Пахлави во 1978 година. Во тоа време, бран на поплави стигна низ целата земја, што ја предизвика Исламската револуција во 1979 година, а за што поранешниот ирански лидер избега од земјата. Иранците ќе ја прослават 40-годишнината од револуцијата во февруари.
Извор: The Washington Post / Khamenei/News










