Спротивно на претходните ветувања, САД нема да брзаат со повлекување на војниците од Сирија. Тоа речиси истовремено го изјави американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот советник за национална безбедност, Џон Болтон. Трамп на новинарите им изјавил “дека тој не ветил брзо повлекување на американската војска од Арапската република”.
Џон Болтон вчера истакна дека нема фиксен рок за повлекувањето на речиси 2.000 американски војници од Сирија.
Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, исто така, изјавил дека американските војници нема да се повлечат од Сирија, додека остатоците од терористи на исламската држава во потполност целосно не се искоренат и додека Турција не обезбеди безбедносни гаранции за курдските милиции поддржани од Вашингтон.
Според зборобвите на Болтон, американскиот претседател Доналд Трамп му рекол “нема да дозволи Турција да ги побие Курдите”.
“Не веруваме дека Турците треба да започнат воена акција која не би била целосно координирана и прифатена од САД, така што тие нема да ги загрозат нашите војници, туку и ќе го почитуваат барањето на претседателот дека силите на сириската опозиција, кои се бореа со нас, нема да бидат во опасност “, изјавил Џон Болтон.
Советникот за национална безбедност, исто така, истакна дека не постои воспоставен распоред за повлекување на речиси 2.000 американски војници од Сирија.
“Календарот треба да биде резултат на политичките одлуки што треба да ги спроведеме”, рекол Болтон.
Дури во последниот дел од неговата изјава додал: “Вашингтон не е заинтересиран за долгорочно воено присуство во арапската земја”.
САД ќе продолжат да ги следат своите цели на Блискиот Исток
Во петокот, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон почнал да ги повлекува своите војници од Сирија, а агенциите пренесуваат дека била повлечена група од педесет војници од помалку логистичка база од источна Хасака, која заминала во соседен Ирак.
Според Помпео, и покрај ова, САД ќе продолжат да ги извршуваат своите цели на Блискиот Исток. Помпео, исто така, истакнал дека САД мора да осигураат дека турската армија не ги масакрира Курдите, што сé уште е дел од американската мисија во Сирија.
Потсетуваме дека на 19 декември Доналд Трамп одеднаш прогласи победа над исламската држава во Сирија, велејќи дека тоа е единствената причина за присуството на американската војска во таа земја.
Оваа недела, американскиот претседател повторно одби да ги наведе датумите за повлекување на американските трупи од Сирија, велејќи дека не ветил брзо заминување.
“Ние ќе ги повлечеме нашите војници. Никогаш не сум рекол дека тоа ќе биде направено толку брзо “, изјавил претседателот на САД, кој под притисок на Израел, делумно од европските земји, оч
игледно ” го смени своето мислење “.
Несогласувањата помеѓу Вашингтон и Анкара за иднината на курдските милиции би можеле да го парализираат повлекувањето, иако ова е само една од причините и изговор за американската војска да остане во Сирија. За Турција, ЈПГ силите на сириските Курди, кои ги подржува САД, представуваат огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК), активна на турска територија и како таква таа е “терористичка организација”.
Извор:logicno.com










