Израелски портал ја “блокира“ продажбата на руски авиони на Иран

0
215

Како јавува израелскиот портал IHLS, американското Министерство за финансии одбило да издаде извозни сертификати за продажба на руските авиони Sukhoi Superjet 100 на Иран.

Со оглед на тоа што повеќе од 10% од деловите на овие руски патнички авиони биле направени се во Америка, потребно е Министерството за финансии на САД да ја одобри трансакцијата, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на порталот Israel’s Homeland Security (IHLS)

После информирањето, иако неформално, претставникот на Асоцијацијата на иранскиот воздухопловен превозник, Максуд Асади Самани, изјавил дека “поради недостиг на лиценца издадена од Министерството за финансии на САД ” снабдувањето со авионите не доаѓа во предвид“.

Тој додал дека замената на американските делови би можела да трае многу долго.
На крајот на април компанијата “Сухој-цивилно воздухопловство” на воздухопловната изложба “Eurasia Airshow” потпишаа меморандум за намерана иранските воздухопловни превозници до 2022 година да им испорача 40 патнички авиони ССЈ-100Р до.

Во ноември белгиската авиокомпанија Брисел ерлајнс ја објави својата намера да се откаже од купувањето на четири авиони “Сухој Суперџет 100”, бидејќи “често се уривале”, иако со овие авиони забалежана е само со една тешка несреќа со смртни последици и два инциденти без повредени. Во декември, ирскиот CityJet исто така објави дека би можел да се откаже од авионите Sukhoi Superjet 100.

Компанијата Сухој одговорила: “Сеуште нема никаква блокада“

ФОТО: Сув Superjet 100

Веднаш после вчерашната објава се огласи и рускиот производител “Сухој“, кој на медиумите им испратил соопштение дека ова е уште една во низата на лажни информации во работењето со Иран.

Компанијата “Сухој – Цивилно воздухопловство“ одговорила на гласините за тоа дека САД ја блокираа испораката на Sukhoi SuperJet 100 на Иран.

“Ние немаме никакви блокади. Ја прочитав оваа вест и можам да кажам дека, пред сè, тоа не е вест. Секогаш велевме дека заради деловите имаме ограничувања за продажба на авиони на Иран. Поднесовме релевантни документи кои американскиот Советот за безбедност треба да ги одобри. Постои одредена постапка. Апликацијата е поднесена и е во тек. Ние во моментов дејствуваме во согласност со одредбите кои се во сила “, изјавил Андреј Муравјев, претставник на цивилната авијациска компанија” Сухој “.

Тој потсети дека има две опции за продажба на руските авиони. Според него, ако уделот на странски делови е поголем од десет проценти, тогаш компанијата треба да поднесе барање, ако е помал, тоагаш работата може да се направи веднаш.
“Интересот на Иран за авионите е тука”, додал Андреј Муравјев.
“Доставивме документи, ама досега не сме добиле одобрение. Разбирама дека имавме и дека нагло беше блокиран.Немаме одобрение од Советот за безбедност на САД, а немаме и одговор “, изјавил представник на Сухој.
Руската компанија вели дека ова е стара приказна, и ако има повеќе од 10% американските делови треба да се поднесе барање за продажба.

“Ова не е никакво чудо. Да се ​​разбереме, ова е прилично долга историја и овие активности започнаа пред неколку години. Според правилата на американското министерство во врска санкциите против Иран, производите што се извезуваат во оваа земја, ако во нив има американски делови, дури и одреден процент, тие бараат координација. Бидејќи нашата филијала работи на глобалниот пазар, поднесовме соодветно барање за истражување на можностите за снабдување на иранскиот пазар “, изјавиле од Сухој за руската агенција ФАН.

Извор:logicno.com/ IHLS / Suhoi Superjet 100 / FAN