Гробницата Тутанкамон во Долината на кралевите беше отворена на 16 февруари 1923 година, а она што било пронајдено внатре ги шокира археолозите и целиот свет.
Египетската долина на кралевите во 19 век беше омилено место за светските археолози, бидејќи во оваа област можат да се откријат многу вредни предмети од злато. За жал, поради големата вредност на пронајдените предмети, таа беше и популарна за голем број разбојници кои ги испразнаа, украдоа и продадоа се што можело да се продаде. Најтажно од сето тоа е што пронајдените и украдените предмети никогаш не се запишани, односно евидентирани.

Кога Хауард Картер пристигнал во Египет во 1891 година, бил убеден дека во Теба се крие неоткриена и неограбена гробница,но со него никој не се согласил. Благодарение на неговата истрајност и посветеност, ама и со финансиските ресурси на Лордот Карнарвон кои ја поддржал неговата работа, англискиот археолог конечно во ноември 1922 го пронашол она што долго време го барал.
Фотографија: Профемија / гробницата на Тутанкамон
Во урнатините на Долината на кралевите, открил сокриени скали кои воделе кон гробница стара 3300 години, над која го пишувало името Тутанкамон.
Запечатениот простор се состоел од четири соби, кои археолошкиот тим почнал да ги истражува.

На 16 февруари 1923 година, конечно влегол во последната соба – гробот на фараонот Тутанкамон, и она што тој го нашол таму засекогаш го сменило лицето на
археологијата. Бидејќи Египќаните фараоните ги сметаа за богови, по нивната смрт ги мумифицирале нивните тела а гробницата ја исполниле со злато, облека, оружје, накит и други вредни предмети.
Фотографија: Профемија / гробница на Тутанкамон
Картер и неговите колеги во гробот пронашле неверојатно богатство со три саркофази. Последниот саркофаг направен од 110 килограми чисто злато го криело телото на младиот фараон Тутанкамон, кој живееше 1400 години пред Христа и починал додека сеуште бил тинејџер. На неговото лице имало златна маска, која денес се смета за најпознат предмет пронајден во гробницата на Тутанкамон.
Иако над саркофагот стоел натпис: Смртта ќе им дојде на оние кои се мешаат во сонот на фараонот, на него најпрво никој не обрнувал внимание. Но, со оглед на тоа што во рок од шест месеци од отварањето на гробницата починале 12 лица од оваа експедиција одеднаш започинаа да се шират приказни за проклетството на Тутанкамон.
Два месеци после отварањето на гробницата на Тутанкамон починал и лордот Карнарвон. На ден по смртта на лородот, работата дошол да ја испита неговиот близок пријател Џорџ Голд. Тој влегол во гробот на фараонот, неколку часа подоцна добил висока температура и починал.
До 1930 година, 22 лица кои учествуваа на отворањето на гробот починале, што уште повеќе ја рашири приказната за проклетството на Тутанкамон, но експертите велат дека овие два податоци не се меѓусебно поврзани.
Најдобриот аргумент за нивните тврдења во откривачот на гробот Хауард Картер, кој почина од природна смрт на 64 години или 17 години по неговото големо откритие.
Извор: RSA











