САД од денес не се членка на организацијата UNESCO: “ Тоа е скапо и анти-израелско тело на ОН“

0
215

Одлуката на САД да го напушти УНЕСКО, објавена во октомври 2017 година, во согласност со статутот на организацијата, стапи на сила денес.

Вашингтон го задржува статусот на набљудувач, но повеќе нема да плаќа придонеси и нема да биде избран во Комитетот за светско наследство.

Во 1984 година, администрацијата на Реган ја напушти оваа организација, обвинувајќи ја за “антиамериканизам и непотребно трошење на парите на даночните обврзници на САД”.

САД се вратија во УНЕСКО во 2003 година. Причината за ова излегување пред се беше ставот на организацијата за палестинско-израелскиот конфликт.

“Оваа одлука беше тешка за преземање, ама таа ја одразува загриженостите на Американците во врска со растечкиот долг за членарина во УНЕСКО, потребата за фундаментални реформи на организацијата и континуираната анти-израелска предрасуда во УНЕСКО”, изјавила портпаролката на поранешниот Стејт департмент Хедер Науерт.

Извор:logicno