Реакции на Ердоган на влегувањето на сириската војска во Мунбич

0
249

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган после известувањето дека сириската армија влегла во Мунбич, изјави дека силите на Асад се обидуваат да спроведат психолошка операција во сирискиот град Мунбич и областа источно од Еуфрат.

“Откако терористите на Курдистанската работничка партија (ПКК) ја повикаа владата на претседателот Башар ал Асад да го заштити градот од турската интервенција која би ги искоренила терористите од градот, сириската армија денес, за прв пат во изминатите неколку години, влезе во Мунбич“ стои во соопштението на турскиот провладин весник Јени Шафак.

“Работите утре ќе се разјаснат во Русија”

Ердоган истакна дека ништо не е сигурно. Тој, исто така, објави дека турската делегација утре ќе ја посети Русија за да разговара за потезите на Асад во регионот.
“Турција нема што да прави во Мунбич доколку терористите на ЈПГ си заминат од тука”

PKK - US
ФОТО: ПКК – САД

“Турција нема да има никаква работа во сирискиот град Мунбич откако терористичките организации ќе ја напуштат таа областа”, изјави Ердоган, мислејќи на силите на курдските сили на ЈПГ, кои Анкара ги смета за гранка на Курдската работничка партија (ПКК), која е активна во Турција.

“За повеќе од 30 години терористичка кампања против Турција, Курдистанската работничка партија на ПКК, која Турција, САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи ги и жените и децата. ЈПГ е нејзина сириска гранка “, пишува турскиот провладин весник.

Агенцијата Анадолу наведува дека Ердоган изјави дека “целта на Турција е да им даде лекција на Курдите, но дека Анкара не е за поделба на Сирија”. Интересно е тоа што ниту една турска агенција, барем во своите изданија на англиски јазик, повеќе не ја нарекува сириската влада “режим”.

“Целта на Турција е да им дадеме на терористите на ЈПГ / ПКК лекција и ние сме решени тоа да го сториме тоа”, истакнал Ердоган.

Турскиот претседател им изјавил на новинарите дека ако терористичките групи ја напуштат Сирија, на Турција не и пресотанува ништо друго да прави “ мислејќи притоа на воениот одговор.

Овде останува нејасно дали тоа значи дека борбата против тероризмот на сириската територија му е препуштена на Дамаск и дека Турција ќе се ограничи на уништување на курдските групи само ако влезат на турската територија.

Ердоган додаде дека Турција се противи на секоја поделба на Сирија.

Турската армија: ЈПГнемаат право никого да повикаат во Мунбич

Kurdi - YPG - Sirija
ФОТО: Курди ЈПГ

Соопштение беше издадено и од турското Министерство за одбрана, која истакна дека силите на ЈПГ немаат овластување да поканат други воени формации во северниот сириски град Мунбич, и ги предупреди сите страни да се воздржат од дестабилизација на регионот.

Коментарите на турскиот воен врв, чиј лидер е генералот Хулуси Акар, најверојатно, утре ќе отпатува за Москва , пристигнуваат неколку часа откако сириската армија објави дека влегла во Мунбич и го подигнала сириско знаме во градот, што било направено откако силите на ЈПГ ја повикале владата на претседателот Башара Ал-Асад за да го заштити градот од претстојната турска интервенција во областа.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган сигнализираше дека наскоро ќе започне прекугранична операција против силите на ЈПГ во Сирија, какви што Анкара спроведе два пати од 2016 година во северна Сирија.

Анкара и Вашингтон постигнаа договор во јуни дека силите на ЈПГ треба да го напуштат градот и поширокото подрачје, но Турција во повеќе наврати предупреди дека САД го одложуваат спроведувањето на договорот.

Како што објави Ал-монитор, Анкара утре во Москва ќе испрати делегација на високи воени и разузнавачки служби предводена од министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. Тој ќе отпатува за Русија со министерот за одбрана, генерал Хулуси Акар, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и специјалниот советник на турскиот претседател Ибрахим Калин. Единствена тема на дискусија ќе биде ситуацијата во Сирија и најновите случувања во североисточниот дел на арапската земја.

Područje Al-Arime i Manbija
ФОТО: Подрачје на Ал-Арима и Мунбич пред влезот на силите на ССА

Можеби изјавата на Ердоган најдобро ја објаснува турскиот колумнист Ченгиз Чандар.
“Распоредувањето на сириската армија во курдските региони, каде што постои самоуправа од 2012 година, не е приоритет за Турција. Ова е заклучок со која Анкара може да живее се додека курдската администрација завршува на турската граница “, напишал Чандар.

Последниот џеб кој го држи ИСИЛ се наоѓа во источниот дел на Деир Ез-Зор. Ако турските сили и полициските милиции сакаат да ја исчистат оваа област, за да го достигнат тоа, тие ќе мора да влезат околу 200 километри во Сирија и да поминат низ области под контрола на сириската влада.

Тешко е да се поверува дека владата на Асад, која постигна бројни големи победи во оваа војна, ќе дозволи колона од турски тенкови или таканаречената слободна сириска армија да се пробие длабоко во територијата на земјата.

Сè на сè, се чини дека повеќе од веројатно е дека министрите на турската влада, кога ќе се сретнат со колегите во Москва утре, нема да можат да ја сменат позицијата на Русија за тоа кој треба да ја “пополни празнината” кога Американците ќе заминат и дека тоа мора да бидат сириските сили.

Русите сакаат сириската влада да го преземе Мунбич и регионот на Хасака и Ќамишли. Иако на некој начин би го разочарал Ердоган, тој е политички способен да ги убеди своите гласачи да прифатат таков компромис, коментирајќи ја новата ситуација, вели Ал-Монитор.

Anadolu / Yeni Safak / Al-Monitor