Во училишта во Хелсинки се откажале од Божиќни раскажувања заради учениците кои не е се од христијанска вероисповед

0
225

Во училиштата во главниот град на Финска, Хелсинки прекинале со досегашната традиција на божикни приказни заради учениците кои не се христијани вклучувајќи ги и муслиманите, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Дирекорите на училиштата изјавија дека ги менуваат одредени божиќни обичаи како би се прилагодиле на новите околности, додавајќи дека училиштата во Хелсинки ги посетуваат поголем број студенти кои не се христијански вероисповед.

Како што пишува дневниот весник Helsingin Sanomat во основното училиште во предградието Итекескус, прекинале со изведување на химната “Ангелот од небото“, бидејќи, како што велат од оваа образовна институција, дури и повеќето од нивните студенти не се од христијанска вероисповед.

Училиштата, исто така, се откажаа од активности кои традиционално се изведувале за родителите на учениците.

Корегирани се и одредени изведби кои го претставуваат,Исусовото раѓање, како што е опишано во евангелијата од страна на Матеј и Лука.

Ако сакаат, учениците ќе можат да ги посетат црквите и да ги видат Божиќните јасли.
Инаку, секој четврти Финец не припаѓа на која било регистрирана верска заедница.