Пред неговата реставрација за прв пат е исперен тепихот од Хереке стар 120 години и со површина од 468 квадратни метри кој се наоѓа во салата за церемонии во сарајот Јилдиз Шале во Истанбул и кој е едниот од најголемите теписи на светот.
Тепихот е изработен во времето на османлискиот султан Абдулхамид втори во Фабриката за теписи и свилено ткаење во Хереке во 1897 година, а по повод посетата на германскиот император Вилхелм втори.
Тепихот бил исткајан во димензии да може да ја покрие целата сала.
Тепихот поради неговите димензии доста тешко бил внесен во сарајот Јилдиз Шале и бил постелен на подот на салата за церемонии и сега по изминати 120 години е изнесен за прв пат од салата.
Тепихот беше исперен во специјално изработен базен во Јилдиз и беше подготвен за реставрација.
Тепихот за кој што се претпоставува дека е тежок 3 тони, е со површина од 468 квадратни метри и е едниот од најголемите на светот.
По работите за реставрација кои што ќе траат 2,5 до 3 години повторно ќе биде постелен во салата за церемонии во сарајот Јилдиз Шале во Истанбул.
