Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп во друштво со сопругата Меланија ненајавено ја посети базата на американската армија во западен Ирак, каде ја бранел својата одлука за повлекувањето на американските трупи од Сирија, велејќи дека многумина ќе почнат да мислат како него.
Трамп открил на своите советнивци им кажал “да излеземе Сирија” и дека тие ја отфрлале таа идеја ама сепак тој одлучи да повлече 2000 војници, како што се официјално во Сирија.
“Мислам дека многу луѓе ќе почнат да размислуваат како мене. Време е да почнеме да ја користиме нашата глава “, изјавил Трамп за новинарите во воздухопловната база Ал-Асад западно од Багдад.
Трамп истакна дека САД не планираат да ги повлечат војниците од Ирак, додавајќи дека оваа база може да се користи за мисиите во Сирија.
Сепак, ирачките високи функционери не мислат така, особено по “понижувањето од страна на Трамп”, како што ја протолкуваа неговата посета на американска воздухопловна база која не ја најавил ниту и на властите во Багдад.
ВИДЕО – Посета на Доналд и Мелани Трамп со американските војници во база во западниот дел на Ирак.
Багдад ја осудува ненадејна посета на Трамп: “Окупацијата е завршена и Американците ќе си заминат”
Ненадејна посета на Ирак предизвика бран на огорченост кај ирачките пратеници и некои воени команданти кои ваквата посета ја сметаат за флагрантно кршење на ирачкиот суверенитет.
Сабах ал-Саади, лидер на парламентарниот блок на Ислах, повика на вонредна парламентарна седница “каде пратениците би разговарале за флагрантно кршење на суверенитетот на Ирак и спреќување на агресивните акции на американскиот претседател Доналд Трамп”.
Во изјавата објавена во средата, ирачкиот пратеник изјави дека американскиот претседател “треба да ги знае своите граници и да разбере дека времето на американската окупација на Ирак е готова”.
Од друга страна, фракцијата Бина, опозицијата на Ислах во парламентот предводена од политичкиот лидер на шиитската армија, Хади Ал-Амери, ја осуди ненајавената посета на Њујоршкиот тајкунот во Ирак, каде што се состанал со американските војници на аеродромот Ал-Асад.
“Посетата на Трамп е очигледно и јасно кршење на дипломатските односи и го покажува неговиот презир и непријателство кон ирачката влада”, се вели во изјавата на Бина.
Во говорот во американската униформа, Трамп изјавил дека неговата земја “ќе остане во Ирак, што ќе му овозможи на Вашингтон да дејствува во Сирија, доколку е потребно”.
Каис Ал-Хазали, водачот на моќната ирачка милиција, Асаиб Ал Ал Хак, фракција на ирачките сили Хашад ал-Шаби, реагираше веднаш на коментарите на американскиот претседател.
Командантот на ирачките борци вети на Твитер дека новиот состав на ирачкиот парламент ќе гласа за протерување на американските сили од Ирак, или шиитските милиции ќе ги протераат сами со “други средства со кои Американците добро ги запознале”.
Блокот Бина во соопштение рече изјави посетата на Трамп “покренува многу прашања во врска со природата на американското воено присуство и нејзините вистински цели во Ирак и што тие цели можат да претставуваат за безбедноста на арапската земја”.
Според ирачките извори, новиот ирачки премиер Адил Абдул-Махди не го прифатил барањето на американскиот претседател да се сретне со него во американската база Ал-Асад.

Кабинетот на премиерот во соопштение изјави дека Адил Абдул-Махди и Доналд Трамп зборувале по телефон, но заради несогласување околу местото, состанокот бил откажан.
Имено, Трамп побарал состанокот да се одржи во американската воена база Ал-Асад, што била понуда која Абдул Махди категорично ја отфрлил.
Според Ројтерс, посетата на Трамп доаѓа во среде ескалацијата на тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран, и додека Вашингтон се обидува да го спречи влијанието на Иран на Блискиот Исток.
Пратеникот Фалих Хазали, поранешен лидер на ирачката шиитска милиција, ги обвини САД дека сакаат да го зголемат своето присуство во Ирак.
“Раководството на САД веќе е поразено во Ирак и сега сакаат да се вратат под никакви изговори, што ние никогаш тоа нема да дозволиме”, рекол Фалих Хазали.
Иако во Ирак немало големи борби од минатогодишниот пораз на таканаречената исламска држава, околу 5200 американски војници, наводно, ги обучуваат и советуваат ирачките сили кои продол
жуваат со кампања за расчистување на останатите ќелии на терористичката група.
На чело на блокот “Ислах” е шиитскиот свештеник Моктада Ал Садр, кој со години се спротивставуваше на присуството на САД во Ирак од американската инвазија врз земјата во 2003 година. Тој водеше два бунтови против американските сили во Ирак.
Ирачката шиитска војска, чии милиции најчесто го поддржуваат Иран, исто така, се спротивставува на присуството на американски војници во регионот.
Некои Ирачани беа помалку загрижени поради посетата на американскиот претседател, но тие не го поддржаа американското воено присуство во земјата.
“Ние нема да добиеме ништо од Америка. Тие беа во Ирак веќе 16 години, а земјата не и дадоа ништо освен уништување и разорување “, изјавил жител на Багдад, Мохамед Абдула, за дописник на Ројтерс.











