“Фајненшл тајмс” го наруши своето Златно правило оваа година: Џорџ Сорос не беше избран за личност на годината поради неговите достигнувања, како што беше досегашната пракса, туку заради наводнире “вредности што ги претставува”, пишува Financial Times.
Не е наведено зошто ФТ го прекршил своето Златно правило. Сепак, индикативно е дека, во истиот напис за доделување на наградата на Сорос, ФТ соборува со директни критики на претседателите на водечките сили на светот: Доналд Трамп и Владимир Путин.
Вистинското прашање е: дали овој очајнички потег укажува на тоа дека картите се откриени што се однесува до улогата на медиумите, но и стравот од медиумите од промените во политичкиот план на западниот свет?
Британскиот Фајненшл тајмс го прогласи милијардерот и берзанскиот мешетар, контроверзниот Џорџ Сорос како личност во 2018 година.
Досега во практика беше личноста на годината да се избира врз основа на одредени достигнувања во изминатата година, а на списокот за личност на годината имало и добро познати лица како Ангела Меркел 2015, Алан Гринспен 1998, Тони Блер 1997, Рупрет Мардок 1996 година. , Бил Гејтс 1994, Барак Обама 2008, Лех Валенса 1980, Франсоа Митеран 1981 и Доналд Трамп во 2016 година.
Во случајот со Сорос оваа година, било одлучено “изборот да се врши врз основа на вредностите кој тој ги претставува”, соопшти ФТ во образложение за признавањето. Берзанскиот мешетар и шпекулант Џорџ Сорос е опишан во ФТ како “татко на индустријата на хеџ фондовите”, но исто така и како некој кој се залагаше за либерална демократија и отворено општество и кој “се бореше против авторитаризмот, расизмот и нетолеранцијата преку филантропијата”.
ФТ оди необично и малку скандалозно оди чекор понатаму и ги наведува претседателите на водечките светски сили Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин како главни противници на “хуманитарните и филантропските” напори на Сорос!
“Тој е носител на патот на либералната демократија и отвореното општество. Тоа се идеи кои триумфираа во текот на Студената војна. Тие сега се под опсада од сите страни, од Русија на Владимир Путин до САД на Доналд Трамп “, пишува Financial Times, и продолжува:
“Повеќе од три децении, г-дин Сорос ја користеше филантропијата за борба против авторитетот, расизмот и нетолеранцијата. Преку својата долгогодишна посветеност на отвореноста, слободата на медиумите и човековите права, тој го привлече себеси гневот на авторитарните режими и националните популисти, кои продолжуваат да го освојуваат просторот, особено во Европа “. пишува пофалбени зборови за Џеорг Сорос Finacial Times.
За делувањето на Џорџ Сорос и неговото мешање во внатрешната политика на суверените држави пишувавме во неколку наврати, меѓу другото, и за делувањето на отвореното општество Сорос во Хрватска: CMS и GONG протестираа против Орбан – кој стои зад нив?
* Фајненшл тајмс (ФТ) е меѓународен бзнис весник која се отпечатува на својствена хартија, а исто така има и онлајн издание. Се смета дека е еден од најпопуларните печатени медиуми во кругот на деловните луѓе ширум светот аислегува уште од 1888 година.
Извор: Narod










