Руско министерство за одбрана: Израел во нападот над Сирија се криеше зад два цивилни авиони

0
254

По анализата на последните израелски воздушни напади врз цели во предградијата на Дамаск, руското Министерство за одбрана соопшти дека Израел изврши воздушни напади на сириски цели, додека два патнички авиона слетале во Бејрут и Дамаск, со што го загрозиле животот на патниците.

Израелската армија доведе два цивилни авиони во непосредна опасност, изјавил за новинарите портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков.

“Провокативните акции од израелските воздушни сили загрозија два патнички авиони, кога шест израелски Ф-16 спроведоа воздушни напади врз Сирија од либанскиот воздушен простор”, додаде генерал Конашенков.

“Израелските F-16 полетале кога цивилните авиони пристигнуваке на аеродромите во Бејрут и Дамаск. Сириската армија не користела проектили земја-воздух и електронско попречување за да спречи трагедија и дозволи Дамаск да го контролира воздушниот сообраќај и да пренасочи еден од патнички авиони на резервниот аеродром во Хмеимим, пренесе руската армија.

Израелските воздухопловни сили користеа дури 16 американски воени GBU-39 бомби, но само две ги постигнаа своите цели. Повеќето од нив беа присретнати од сириската противвоздушна одбрана, објави руското Министерство за одбрана.

F-15E GBU-39
ФОТО: илустрација, F-15E со 4 наведувачки бомби GBU-39

Две прецизни бомби ја погодиле единица за логистика која се наоѓа на 7 километри од Дамаск, каде што три лица биле ранети.

Изјавата во голема мера е потврдена од претходниот извештај на сириската државна агенција САНА, која беше објавена минатата ноќ. Израелските проектили воглавном биле соборени од системите Pancir-S1, Buk-M2i S-200.

Израел дури и не потврди дека извршил напади, но известил дека израелските сили ги активирале своите системи за противвоздушна одбрана за да го соборат сирискиот противоздушен проектил кој влегол во нивната контролна област.

Израел во неколку наврати изврши напади врз цели во Сирија, за кои смета дека е закана за својата безбедност. Дамаск ги смета овие напади како незаконски и како акти на агресија и се заканува дека нема да помине без одговор.

Извор:RT