СИДНЕЈ: Неколку стотина граѓани евакуирани заради страв од уривање на облакодер висок 117 метра

0
242

Повеќе од 250 станари на облакодерот  Opal Tower во Олимпискиот парк во Сиднеј биле евакуирани откако слушнале звуци на пукање на зградата и заради можниот страв дека облакодерот би можеле да се урне.

Полицијата евакуираше речиси 3.000 жители од блиските згради, кои биле принудени да избегаат со најпотребните работи, и во овој момент не се знае дали можат да се вратат на Божиќ, објави “Дејли мејл”.

Многумина од нив ќе ја поминат ноќта во засолништа за бездомници.

Како пишува овој медиум, станарите околу 14.45 часот слушнале, гласни звуци на пукање од 10-тиот кат на облакодерот и се упатиле надвор, после што за кратко пристигнала и полицијата која почнала да евакуира облакодерот висок 117-метри и во кој се наоѓаат 392 станови, канцеларии и детска градинка.

Извор:РСА