ЕРДОГАН: Арапите и Сириските Курди нема да ги оставиме на терористите

0
184

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара изјави дека неговата земја не ги оставила сириските Арапи во рацете на терористите на ИСИС и дека нема да ги остави тамошните Курди на терористите на ПКК / ПЈД, објави Агенцијата Анадолу (АА).

“Безбедноста на Арапите во Сирија ја сметаме како наше сопствено прашање. Прашањето на Курдите го сметаме како наше сопствено. Заради што сме присутни во Сирија? Па, да им ја вратиме слободата на нашите арапски браќа, и нашите браќа Курди, да тамошните луѓе повеќе не бидат заложници на терористички организации “, истакнал Ердоган на церемонијата по повод приемот во државна служба на лица со посебни потреби.

Турскиот претседател исто така истакнал дека “прашањето во Сирија не е прашање на Арапите, Курдите или Туркменците, туку прашањето за слободата и територијалниот интегритет”.

Ердоган повика на обединување на сите оние кои се борат против неправдата во светот.