ШРЕДЕР: “САД не би требало на Германија да и` диктираат со кого да тргува, а со кого не“

0
234

Германија би требачп во однос на трговските прашања да остане независна САД, изјави поранешниот канцелар Герхард Шредер во интервју за германскиот весник “Die Welt am Sonntag”, додавајќи дека Вашингтон не треба да си дозволи на суверена држава да и диктира со кого таа би можела да тргува, бидејќи Германија во спротивно би ги изгубила сите врски со другите, а при голема зависност од извоз тоа е неприфатливо.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер зборувал во прилог на цврстото разграничување меѓу Германија и САД, пишува неделното издание на германскиот весник “Ди Велт”. Во интервјуто, поранешниот лидер на поранешната владејачка Социјалдемократска партија на СПД, истакнал: “Јас дефинитивно не сум антиамерикански настроен, но суштината на моите напори во надворешната политика беше да се постигне релативна независност од САД и таа да се зачува”.

Шредер понатаму изјави дека ова е особено било очигледно за време на неговото одбивање да учествува во војната во Ирак.

“Со сите заслуги на Американците, што се однесува до развојот на Германија по 1945 година, повторно мислам дека ова е разумно. Исто така мислам дека како суверена држава не треба да им дозволиме на САД да ни препишат со кои земји можеме да тргуваме. Тоа така не оди “, рекол Герхард Шредер.

Зборувајќи за барањата на администрацијата на Доналд Трамп до Берлин да ги ограничи или прекине со трговијата со разни земји, Шредер истакнал: “Иран, Кина, Русија – ако тоа продолжи, наскоро ќе немаме економски односи со никого.

За земја зависна од извоз, како што е Германија, ова е неприфатливо.Тоа мора да му се каже на Американците, со сета почит и пријателство “.

Како што потсетува Die Welt am Sonntag, САД вршат силен притисок врз Германија во смисла на Северниот тек 2, со цел да го спречат проектот.

“Тие не го прават тоа од љубов кон Украина, туку затоа што сакаат самите Германија да ја снабдуваат со гас – кој е лош по квалитет и поскап од гасот од гасоводот”, објаснил Герхард Шредер во интервју за германскиот весник.