Американската амбасада во Ријад објави видео кое промовира протести како “политичка промена во бруталните режими”, че
кор што, секако нема да му се допадне на кралското семејство во Саудиска Арабија.
Во средата, Американската амбасада во Ријад на Твитер објави видеоснимка на американскиот Стејт департмент со преводи на арапски јазик, во која промовира демонстрации како метод на “гарантирање на вистинско граѓанско општество”.
“Кога големите ненасилни групи луѓе организираат собири како што се протести, заедно со раштркание методи како што се бојкоти или штрајкови, дури и најбруталните режими имаат проблеми со нивното придушување”, вели глас во видео кое покажува богата архива на добро познати протестни движења, но и оние на кој легитимните влади се распаднале односно биле урнати.
Веб-страницата Middle East Eye во петокот го контактирал американскиот Стејт департмент за да покрене прашања за мотивацијата за објавување на видеото и дали амбасадата ги охрабрува Саудијците да протестираат.
Официјален претставник на американскиот Стејт департмент одговорил дека видеото е само едно од постовите и “дел од серијата Share America и дека покажува историски настани”.
Симпатизерите на саудиската монархија американската мерка ја сметаат како зелено светло на Вашингтон во создавањето на несигурност во Саудиска Арабија. По разни реакции на корисници на Твитер, видеото веднаш беше отстрането. Сепак, како и сè на Интернет, тоа видео е снимено и сеуште е достапно.
Американската амбасада објави видео во време кога Саудиска Арабија беше строго критикувана за бруталното убиство на новинарот Џамал Кашоги и агресија против Јемен. На 13 декември, американскиот Сенат усвои резолуција упатувајќи на принцот Саудиската Круна, принцот Мухамед бин Салман, како главен виновник во случајот Хашогџи.
Сенаторите, исто така, гласаа да ја прекинат воената помош на Вашингтон во Саудиска Арабија во војната против Јемен. Министерството за надворешни работи на Саудијците ги опиша овие две резолуции на американскиот Сенат како “мешање во внатрешните работите на Кралството Саудиска Арабија”.
Видео на американсата амбасада во Ријад
Извор: Middle East Eye











