Нетанјаху се заканува со напади на Либан и Сирија

0
292

После објавувањето за повлекувањето на американските војници од Сирија, веста во која никој до потврдувањето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и оставката на министерот за одбрана Џејмс Матис не веруваше, само курдските медиуми напишаа повеќе вести и анализи на оваа тема. Други, според количината на објавени материјали, веднаш по Курдите, се Израелците, кои ниту овој пат не ја разбираат новата реалност на теренот. Се разбира, на шефот на Белата куќа ќе му биде многу потешко да ја објасни оваа постапка на израелскиот премиер Нетанјаху, отколку на курдските команданти и политички лидери во северна Сирија.

Реакцијата на самиот Нетанјаху може да се предвиди. Според порталот Хаарец, премиерот на израелскиот режим веднаш по добивањето на веста за одлуката на Трамп најави дека “Израел, по заминувањето на американските војници од соседната земја, ќе ги удвои своите агресивни акции во Сирија и ќе се бори против иранското присуство”.

“Израел, со целосна поддршка од САД, ќе стори сé што е во нејзина моќ за да го спречи зголеменото влијание на Иран и неговото воено присуство во Сирија”, истакнал Нетанјаху.

Тој, исто така, изјавил дека ќе ги прошири операциите против наводните тунели на Хезболах на границата со Либан, додавајќи дека “Израел продолжува да вложува максимални напори за да ги блокира.”

“Во овој момент, преземаме посебни мерки за неутрализирање на овие тунели”, изјавил Нетанјаху, додавајќи дека “тој нема намера да ги намали напорите на кој било од овие фронтови”.

Може ли оваа изјава да се смета за заедничка закана за Хезболах во интегритетот на Либан и Сирија, или Израел навистина е способен да направи нешто?

САД бегаат од Сирија за да го избегнат понижувањето на поразот

Поранешниот пилот и заменик-шеф на главната романска воздухопловна база Отопени Валентин Василеску објаснува зошто може да се каже дека Американците не се повлекуваат од Сирија, туку бегаат од арапската земја, што значи дека се намалуваат и маневрирачките способности на Израел.

Зошто САД одеднаш заминуваат од Сирија?

Американското воено воздухопловство осудено е на пораз доколку ако се соочи со сириската армија, која сега ја има руската против-авионска опрема можеби најдобрата во светот. Тие немаат друг избор освен да си заминат пред понижување.

Приказната се повторува. Претходно во Ирак, САД ги искористија курдските борци, на кои им ветија држава пред Садам Хусеин да ги побие. Денес тие ги напуштаат другите Курди на кои исто така им ветија држава која би се борела против Турција.

За неколку месеци, војната ќе заврши. По осумгодишни борби и жртви на десетици илјади платеници, сонот на НАТО алијансата за уништување на државните структури на Сирија не успеа, пишува Василеску.

Вест која беше малку пропратена во медиумите е дека две ракетни батерии С-300 беа распоредени во источна Сирија во провинцијата Деир Ез-Зор пред две недели. Веднаш потоа, интензитетот на летовите на американската коалиција во таа област се намалија за 80 проценти. Покрај тоа, потсетуваме дека од 18 септември, израелските воздухопловни сили не го прекршија сирискиот воздушен простор.

Израелска воена делегација, предводена од генералот и командантот Ахарон Халива, ја посети Москва и разговарал со генералот Васили Тручин, заменик-началник на операцијата на руската армија. Односите меѓу двете армии се влошија по соборувањето на рускиот авион Ил-20 во нападот врз сириските цели во близина на руската воздухопловна база Хмеимим од страна на израелските воени авиони Ф-16.

Израелската делегација пристигна во Москва бидејќи не најде грешки или “дупки” во зоната за забрана на летање наметнати од новите сириски одбранбени системи што им ги достави Русија. Израелците сметаа дека можат да ги убедат Русите да им дадат безбедносни шифри за сириските ракети, нешто што не им појде од рака, тврди Валентин Василеску.

Кои се елементите на автоматизираното управување со сирискиот воздушен простор што ги спречува Израелците и Американците да преземат каква било акција против сириската армија и нејзините сојузници?

Сирија доби 6 до 8 батерии од S-300 PMU2 систем со домет 250 км. Ракетите гарантираат безбедност на сириските авиони и воени објекти. Сепак, овие батерии не се најважните елементи.

Управувањето е овозможено со автоматизираниот систем за контрола на Пољана D4M1, на која и е улога обезбедување на истовремена работа на сириските воздухопловни единици и противвоздушна одбрана. Пољана D4M1 може да покрие површина од 800 км2, да следи 500 воздушни цели и балистички ракети и да гаѓа цели на 250 км. Со Poljanа D4M1, командните единици на сириските воени воздухопловни сили, исто така, добиваат надворешни информации од руски А-50У (АВАКС) и руски сателити за надзор.

Серверската меморија на серверот Полјана D4M1 ги складира радарските траги од сите воздушни цели, вклучувајќи ги и крстосувачките проектили и таканаречените “невидливи” авиони Ф-35. Кога радарот во Сирија ќе открие воздушна цел, автоматизираниот систем Polana D4M1 ги прикажува информациите до сите радари и системи за откривање кои ќе ги водат сириските и руските воздухоплови и против авионската артилерија.

Откако ќе се идентификуваат, воздушните цели автоматски се доделуваат за гаѓање. Овој автоматски систем на постари сириски ракети од советската ера, S-200, S-75, S-125 и други, се претвора во скоро прецизни како оние на S-300 системот.

Во мрежата на системот Полјана D4M1, исто така, е интегриран системот Krasuha-4 за попречување на радарите на земјата, авиони AWACS, извиднички авиони со или без пилоти. Мрежата го користи и системот R-330ZH за попречување на навигациските уреди NAVSTAR (GPS) кои се опремени со сите офанзивни средства, од авиони до хеликоптери, крстосувачки ракети, водени бомби итн.

Последица на руската автоматизација на управувањето со сирискиот воздушен простор?

Американските воени бази во Сирија се состојат главно од војници назначени за специјални операции, таканаречена “лесна пешадија”, без никаква огнена или артилериска поддршка. Овие сили не би можеле да издржат било каков напад на земјата од страна на сириската армија без поддршка на воздухопловството.

Сфаќајќи дека американското воздухопловство нема да биде во можност да ја растури сириската противзападна бариера без неприфатливи загуби, секоја интервенција од нивна страна станува неприфатлива. Затоа САД објавија дека ќе започнат да повлекуваат 2.000 војници од Сирија.

Само еден ден подоцна, официјален претставник на Пентагон за Вашингтон пост изјави дека американската војска ќе ги користи воздушните сили додека американската војска не се повлече, но официјалните претставници на безбедносните служби сé уште размислуваат дали воздушниот простор на Сирија ќе продолжи дури и по напуштањето на арапската земја.

Малку е веројатно дека Израел има подобро и поефикасно оружје од американската војска, а уште помалку желбата да се справи со загубите во воздухопловството и копнените сили, па затоа не треба сериозно да се сфаќаат закани во овој момент на Нетанјаху.

Извор: Haaretz / Syria360