Суданскиот претседател Омар Ал-Башир пристигнал во неделата во Дамаск во државна посета на Сириската Арапска Република.
Ова е прва државна посета на Сирија од сѕтана на еден од лидерите на арапскиот свет од почетокот на сириската војна во 2011 година.
Посетата не ја сопре ниту фактот дека за време на војната во Јемен, Судан учествува во саудиската коалиција против борците на Јеменските Хути, зад кои стои Иран.
Суданските војници се бореа во Јемен како платеници на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, каде изгубија неколку стотици луѓе само во борбите. Саудијците претпочитаат да вршат воздушни напади,а ако имаат загуби во луѓе, тогаш тоа е во северозападниот дел на Јемен или во југоисточниот дел на Саудиска Арабија, каде што саудиските војници страдаат во борбите во пограничната зона.
Во Сирија, претседателот на Судан бил пречекан од Башар ал Асад, кого и дури не го прашал за неговите блиски врски со Иран.
Што се однесува до оваа посета, Сиријците се шегуваат дека Омар Ал-Башир едноставно не сака да се најде на заедничка фотографија на жртвите на проклетството на Асад, односно на сите лидери кои изјавија дека Башар ал-Асад мора да замине.
Зборувајќи посериозно во врска со оваа посета, вреди да се спомене дека станува збор само еден ден после изјавата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој изјави дека Турција е подготвена да го признае Асад како владетел на Сирија, но под услов да биде избран на демократски избори.

Покрај тоа, Омар Ал-Башир пристигна во Дамаск кога се повеќе и повеќе арапски медиуми пишуваат дека ОАЕ преговара за повторно воспоставување на дипломатски односи и дека еден дипломатски претставник неофицијално веќе е во зградата на амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Дамаск, околу која е одстранета бодлива жица и безбедносни бетонски бариери. Наводно, и Саудиска Арабија, во преговорите со Египет, исто така, изрази подготвеност да даде согласност да се обезбеди враќање на Сирија во Арапската лига, каде што го загуби своето место на почетокот на конфликтот и агресијата во 2011 година.
Суданскиот претседател Омар Ал Башир веројатно имал пораки од други арапски лидери, а неговата официјална посета на Дамаск го потврдува фактот дека се повеќе и повеќе земји се принудени да ја прифатат реалноста во која Асад нема “да замине”.
Со оглед на тесните врски на Судан со Русија, воспоставувајќи нормални односи и отворање на гранични премини и трговија со Јордан, подготвувајќи се за официјално отворање на амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Дамаск и извештаи за подготвеноста на турското Министерство за надворешни работи да соработува со Асад ако победи на изборите, се претпоставува дека обновата на дипломатските односи на Дамаск со важни земји повторно ќе го отвори патот за членство во Сирија во Арапската лига, што е поддржано од Алжир, важна и голема арапска земја, богата со ресурси и со многу силна војска.
Улогата на Русија во враќањето на сириските дипломатски позиции е најдобро прикажана со едноставниот факт дека суданскиот претседател во Дамаск долетал со рускиот воен авион Ту-154М. После лет од Картум до Дамаск пристигнувајќи на меѓународниот аеродром во главниот град на Сирија, сириската агенција САНА објави фотографии од државната посета на суданскиот претседател Омар Ал-Башир до Сирија и воениот авион Ту-154М со руската тробојница во позадина, што докажува дека позади оваа посета стои голема дипломатска работа на руското Министерство за надворешни работи.
Извор:logicno









