Турција под еден услов ќе го признае на Асад за единствен владетел на Сирија

0
317

Во пресрет на најавените офанзиви против сириските Курди, Анкара неочекувано ја даде својата прва изјава во која ја потврдува својата подготвеност за признавање на претседателот Башар ал-Асада за лидер на соседната земја, ама под еден услов.
“Турската влада ќе го разгледаат продолжувањето на билатералните односи со сирискиот претседател Башар ал Асад, доколку победи на демократските избори во Сирија во Арапската Република”, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на денешната конференција во Катар, пренесе Reuters од Доха.

Потсетуваме од самиот почеток на војната и агресијата во Сирија, турското раководство зазеде исклучително тежок став против Асадовата влада во Дамаск. Анкара и понатаму ги поддржува таканаречените “групи на умерена вворужена опозиција”, односно протурските групи, и спроведе две воени кампањи во областа на соседната Сирија.

Меѓутоа, од 2017 година, со започнувањето на заедничкиот мировен процес за Сирија од страна на Русија, Иран и Турција, создавање на областите на примирје и демилитаризација, официјалната Анкара отстапи од изрзито непријателскиот став кон Дамаск.

Најновата изјава на Мевлут Чавушоглу значи дека Анкара нема, како што и не може да има ништо против Асад да се кандидира на следните избори, кој на претходните претседателски избори, со неверојатна излезност од 73,42% вкупно запишани сири гласачи, доби освоени 88,7 % од гласовите.