Најмалку две несреќи се предизвикани од желбата на возачите да собираат пари кои испаднале од блиндиран камион на автопатот во Источен Радерфорд, во државата Њу Џерси.
На снимките објавени преку интернет, еден човек во униформа како трча на автопатот, изложувајќи се на опасностите во густиот сообраќај и обидувајќи се да ги собере парите, ама и други патници, возачи кои ги запреле своите возила, се обидувале да го сторат истото, пренесуваат од светските медиуми.
Полицијата соопшти дека две возила се судриле во хаос и дека не знаат дали некој е повреден.
Портпаролот на полицијата изјави дека оклопното возило на американската безбедносна компанија “Бринк” имало проблеми со заклучувањето на една од вратите, што било потврдено од страна на компанијата.
Полицијата соопшти дека не знаат колку пари испаднале и повика секој кој имал некоја информација или видео да ги контактира.
Вакви случаи се случуваа и порано. Во мај, од едно возило – камион на “Brink” испаднаа стотици илјади долари на автопатот Индианаполис кога се отворила задната врата. Слично се случи и во Мериленд, американската федерална држава, во 2012 година, но потоа испаднале само околу 6.000 долари.











