Израелските војници ранија фоторепортер на Anadolu Agency

by Administrator

За време на интервенцијата на израелските војници на мирните протести на источната граница на Појасот Газа, ранет е фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) Мустафа Хасона.

Хасона, кој ги следеше протестите „Големиот марш за враќање”, кои се одржуваат секој петок, ранет е во десното стапало откако го погодила гасна бомба.

FOTO: AA/Ranjen fotoreporter Anadolu Agency Mustafa Hassune

Откако му е укажана прва помош на местото на настанот, фоторепортерот е префрлен во болница.

Според последните информации на лекарите, неговата состојба е стабилна.

Потсетуваме, Палестинците од 30 март долж границата на Појасот Газа и Изрел организираат протести „Големиот марш за враќање”.

FOTO: AA/Ranjen fotoreporter Anadolu Agency Mustafa Hassune

Израелските војници против цивилното население кое бара да се врати на територијата од кое е протерано и отстранувањ на блокадата на Газа, која трае од 2008 година, одговоара со оган.

Во израелските напади во текот на демонстрациите убиени се повеќе од 220, а ранети се илјадници Палестинци.

You may also like