Лидерите на Европската унија денес побараа итна акција против ширење лажни вести на Интернет, велејќи дека треба да се направи заштита од дезинформации уште повеќе за да се заштитат европските избори во следната година.
Дваесет и осум шефови на државни блокови го поддржаа планот за спречување она што САД, НАТО и ЕУ тврдат дека се руски обиди за поткопување на западните демократии со ширење дезинформациски кампањи кои сеат поделбите меѓу сојузниците. Русија во повеќе наврати негираше дека презела каква било акција од овој вид.
Планот повикува на воспоставување на систем за рано предупредување кој ќе ги алармира владите и технолошките гиганти, како што се Фејсбук и Гугл, да сторат повеќе за отстранување на нелегални содржини што доведува до погрешни заклучоци.
– Брза и одлучна акција на европско и на национално ниво е потребна за да се обезбедат фер избори за Европскиот парламент во 2019 година, – стои во заклучокот на Самитот на ЕУ.
– Ширењето на намерни, систематски дезинформаци од голем обем, вклучувајќи ги и оние во рамките на хибридната војна, претставува акутен и стратешки предизвик за нашите демократски системи. Потребна е итна реакција – се вели во соопштението.
Извршното тело на ЕУ, поддржано од националните влади, ќе обезбеди повеќе пари и овластувања на регулаторите во Брисел за следење и регистрирање на руски дезинформации.
Исто така, ќе обезбеди зголемување на средствата за европската надворешна политика EEAS до пет милиони евра во 2019 година од 1.9 милиони во 2018 година, објави Ројтерс.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










