Емиратите (ОАЕ) “Го кршат мразот“ повторно отвараат амбасада во Дамаск

by Administrator

Иако за овој потег од страна на Обединетите Арапски Емирати се зборуваше веќе неколку месеци, се чини дека процесот се приближува кон крајот и ОАЕ ќе ја отвори својата амбасада во Дамаск.

Минатата недела незабележано помина веста дека либанскиот пратеник Абдел Рахим Мурад изјави дека официјалните претставници на ОАЕ имаат намера повторно да воспостават целосни дипломатски односи со Сирија и да отвори амбасада во Дамаск.

“Обединетите Арапски Емирати, исто така, го поддржуваат враќањето на Сирија во Арапската лига”, изјавил либанскиот пратеник за телевизијата Ал-Мајадеен.

Тој исто така рекол дека тој имал слична улога и како посредник помеѓу Сирија и Саудиска Арабија. Абдел Рахим Мурад изјавил дека Саудискиот принц Мохамед бин Салман изјавил дека не се спротивставува на идејата за повторно воспоставување на сириско-саудиските односи, за време на нивниот претходен состанок во Саудиска Арабија.

Либанскиот пратеник, исто така, посочи на продолжување на подготовките за состанокот на саудиските официјални претставници и шефовот на Сириската канцеларија за национална безбедност, генерал Али Мамлук.

Во почетокот на ноември неколку арапски медиуми објавија дека Башар ал-Асад успеал да постигне високо ниво на разбирање со арапските земји и дека сите монарси на Заливот размислуваат за повторно отворање на нивните дипломатски мисии во Дамаск.

ОАЕ преговара за повторно отворање на својата амбасада во Сирија и за враќање на амбасадорите во Дамаск шест години, после затворањето на мисијата од почетокот на војната во земјата, објавија арапските медиуми претходно овој месец.

Извор во Дамаск тогаш за рускиот весник  Независна газета изјави дека официјални претставници на ОАЕ се сретнале со претставници на сириската влада со цел да ја обноват својата дипломатска мисија во главниот град на Сирија, што представува знак за продлабочување на односите на Абу Даби со владата на Башар ал Асад.

Според изворот, еден дипломат на ОАЕ веќе е трајно е распореден во Дамаск, додека други официјални лица редовно го посетуваат главниот град на Сирија.

Во извештајот се додава дека бодликавата жица и бетонски бариери отстранети се од областа околу амбасадата на Обединетите Арапски Емирати како и дека египетските власти исто така се вклучиле во преговорите.

Извештајот доаѓа на неколку дена откако Al-Masdar News објавија дека Саудиска Арабија комуницирала со сириските власти преку Обединетите Арапски Емирати, со цел да го помири саудискиот режим со сириските власти.

Сепак, првиот чекор кон помирувањето на Саудиска Арабија и Сирија ќе биде повторното отворање на амбасадата на ОАЕ во Дамаск.

Со исклучок на Оман, сите заливски монархии ги затворија своите дипломатски мисии во Сирија по избувнувањето на војната во 2011 година.

Некои од заливските монархии, Саудиска Арабија и Катар, во прв ред, поддржаа различни фракции за време на бунтот и војната против сириската влада, седумгодишниот конфликт, испраќање на пари, оружје, храна, медицина и секаква помош која им требаше на одредени терористички организации во Сирија за да ја урнат сириската влада и претседателот.

Zaliv

Персискиот Залив

Сепак, последните случувања доведоа до фактот дека земјите од Заливот сега се обидуваат да се помират со владата на Асад, објавија Arab News.

Претходно, Башар ал-Асад изјави дека Сирија, по неколку години непријателства, постигна “големо разбирање” со арапските држави.

Сирискиот претседател изјави дека арапските и западните делегации почнаа да ја посетуваат Сирија за да се подготват за повторно отворање на дипломатските мисии.

Оваа изјава дојде по изненадувачки срдечна средба меѓу сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем и неговиот колега од Бахреин Калид бин Ахмед ал-Калиф на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

За време на состанокот, двајца дипломати го отвориле прашањето: Дали одредени земји од Персискиот Залив, кога војната е завршена, се подготвени да ги преиспитаат своите односи со Дамаск. Од сите земји, освен Оман кој секогаш држеше суверена политика и немаше знаци на мешање во сирискиот конфликт од оваа заливска монархија, ОАЕ е најсоодветен кандидат за “кршење на мразот”.

Иако Катар моментално е во спор со Саудиска Арабија и се доближи до Иран, нејзината улога како глобален спонзор на Муслиманското братство, организација, која е забранета во Сирија, го спречува емирот на Катар да биде првиот монарх кок ќе воспостави дипломатски врски со Дамаск.

Извор: Voice of People Today / Al-Araby

You may also like