Инструмент за обезбедување на трговијата и платнуот промет со Иран може да биде осниван во текот на следната недела, соопшти вчера шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
“Денес, три министри за финансии, Франција, Германија и Велика Британија, известија за активностите за развивање на специјален целокупен механизам. Ние изразивме поддршка за нивната работа. Се надевам дека овој инструмент може да биде завршен во наредните недели “, изјави Федерика Могерини за новинарите.
Потсетуваме: Велика Британија, Германија, Франција, Кина, Русија и Иран на министерскиот состанок на ОН во септември во заедничката изјава објавија дека ЕУ ќе формира финансиски инструмент за обезбедување трансакции со Иран по воведувањето на американските санкции против таа земја а кои уследија после едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор со Техеран.
Под притисок на Вашингтон, SWIFT го исклучи Иран (нејзината централна банка и организации кои се под удар на санкциите од САД) од својата меѓубанкарска мрежа.











