На Косово пристигнале 24 воени возила од САД

0
225

Високомобилни и повеќенаменски воени возила од типот (HMMWV) пристигнаа од САД на Косово и се очекува да бидат на располагање на вооружените сили на Косово,објави денес RTK2.

Српските медиуми денеска објавија информации од косовската телевизија дека на Косово пристигнале 24 оклопни возила “Humvee”.

Церемонијата на прием била одржана во касарните на безбедносните сили на Косово и на неа присуствувале високи локални и официјални претставници на американската амбасади. Седница на Косовското Собрание на чија агенда ќе биде формирањето на армијата на Косово е закажано за 14 декември, потврдува РТК2 и додава дека во пресрет на оваа седница претседателот на собранието Кадри Весели, претстојува во САД.

Косовската влада потпиша договор со САД во јули ова година за купување 51 возила.