Снежно невреме ги погоди американските сојузни држави Северна Каролина и Вирџинија, заради што настанал хаос во сообраќајот, а стотици илјади луѓето останале без електрична енергија.
Поради големиот број на сообраќајни несреќи на патиштата имало задоцнувања, притоа откажани се на стотици летови.
Полицијата во Северна Каролина и Вирџинија соопшти дека од неделата се регистрирани стотици сообраќајни незгоди.
Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, ги повика граѓаните да не тргнуваат на пат и ги советувал да останат дома “да спакуваат некој подарок, накитат елката и гледаат фудбалски натпревар“, пренесува АП.
Во некои делови на Северна Каролина и Вирџинија до недела во попладневните часови, падна повеќе од 30 сантиметри снег.
Во оваа област, со повеќе од 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а најмногу во Северна Каролина, дури 240.000.
